Бар Гладијаторс се вратија со многу медали од натпреварот во Србија

На Меѓународниот Street workout натпревар што се одржа во Ваљево, Србија како Бар Гладиаторс освоивме дури 18 медали… 

Роберт Ангеловски освои 3 медали со прво место во категорија склекови и пропаѓања, второ место во категорија стомачни и трето место во категорија пропаѓања (+20кг).

Даниел Каранфиловски освои 3 медали и тоа прво место за стомачни и згибови, второ место за пропаѓања, згибови и пропаѓања (+30кг) и трето место во категорија склекови.

Гордан Крстиќ освои второ место во категорија Freestyle каде во финалето беше поразен од Владимир Вуковиќ.