Ако се мислите за вашиот прв маратон, помислете на бабава

Викендов на маратонот во Рим 2015 година Сигрид Ајхнер го заврши својот 1887 маратон во нејзината кариерата. Ако ова не ви делува мотивирачки, бабата планира да истрча 1940 во нејзиниот живот, бројката на година кога била родена. Нешто повеќе за супер-бабичката Сигрид, женскиот светскиот рекордер во истрчани маратони. 

Сигрид Ајхнер е родена во Дрезден, на 29 септември 1940 година а моментално на свои 74 години живее во Берлин и замислете, не е пензионирана туку сè уште работи само поради една причина – ѝ се потребни финансии за да го прави тоа што и претставува задоволство – да трча маратони. 

Моментално германската супер-бабичка го држи женскиот рекордот за најмногу истрчани маратони во животниот век со заокружена бројка од официјални 1887 маратони и ултрамаратони во нејзината 34 годишна маратонска кариера. Ако ви се прави есап на годишно ниво, правете, нас не мрзеше затоа што и оваа бројка ни е доволна. 

Таа е израсната во тешка средина во Источна Германија, во семејство без татко и со три браќа, но упорноста во учењето и спортот ѝ овозможиле добивање на неколку стипендии за школување. Во моментот таа има голема популарност во Германија поради нејзиниот огромен подвиг.

Во нејзиниот активен живот досега има заокружено и повеќе сериозни ултрамаратони, а нејзината колекција на медали брои околу 400, заедно со уште 400 пехари и безброј маици. Нејзината желба е да ја заокружи бројката од 1940 маратони во својот живот, годината кога била родена, а ние викаме – Напред Сигрид! 

Него што ни беше муабетов, не е за бројкиве, за мотивацијата е. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија