Митот за млечната киселина во вашите мускули

Можеби најшироко распространетиот мит во фитнес индустријата за кој имате реална потреба да го побиете.

Цврсто сме уверени дека некогаш од некаде сте го слушнале муабетот за наталожената млечна киселина во вашите мускули која е причината за болка по некоја напорна тренинг сесија, планинарење или било какво спортување. И најверојатно, најголемиот дел од вас ова го имаат земено како „здраво за готово“ и во незнаење допринесувате за ширењето на митот. 

За млечната киселина, поточно кажано лактатите (постои хемиска разлика меѓу овие две) пости грешно мислење кое циркулира во фитнес индустријата според кое оваа молекула е нус продукт на анаеробниот мускулен метаболизам која што предизвикува мускулна слабост преку зголемувањето на локалната киселост, а оваа кисела средина последователно е причината за болните мускулни сензации во наредните денови. 

Спротивно на ова, во спортската медицина одамна се знае дека лактатите не се „мртва точка“ на анаеробниот метаболизам туку напротив, тоа е молекула која што служи како гориво за мускулите која помага во нивната контракција при напорната работа и ја одложува појавата на мускулна слабост – во крајна линија нешто што не ви одмага во вашите резултати.

Додатно на ова, лактатите не се причината за мускулните болки во деновите по напорен тренинг или спортување бидејќи нивоата во крвта и ткивата се покачуваат единствено за време на напорен тренинг, и истите се враќаат во нормала по 45 минути до еден час, па така часовната разлика не оди во прилог тие да бидат причина за болката во наредните денови.

Конкретната причина за болката во мускулите се микроскопските оштетувања и раслојувања на мускулните влакна поради стресот кој што го трпат како и продукцијата на разни инфламаторни фактори и сигнални молекули како хистамин.

Во продолжение научете се како да уживате во „слатката“ болка по вашата омилена физичка активност. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија