Летен јога-семинар

Медитации на плажа, незаменливи

Привлечени од незаменливото доживување да се практикува јога во природа, а особено крај море, решивме традиционалниот годишен семинар да го одржиме во облик на одмор-семинар. Изборот падна на Мола Калива, Халкидики, Грција.

Од 24 – 29-ти јуни, под водство на Весна Алексовска, основач на Центарот за јога и личен развој се одржа јога семинарот под мотото „Љубов, Едноставност и Вистина”, која е пораката на Хајдакан Бабаџи до човештвото.

Утринските погледи кон водената површина нè освежуваа, неколкуте часови во текот на денот го интензивираа внатрешниот контакт со себеси. На вешто избраните локации за вежбање, многу брзо се усогласувавме со Природата и доаѓавме во баланс со себе.

Специфични медитерански растенија, инсекти и песни од птици нè насмевнуваа. Преку прошетки во природа и Моната (внатрешна тишина) чувствувавме како целата околина нè поддржуваше. Со досетлива комбинација од работилници, разни вежби и длабоки разговори на еден креативен начин се здобивме со уште еден нов поглед кон Животот. Да сочувствуваме, да се радуваме, да придонесуваме и создаваме! За секого! И за Сè!

Да оставиме видеото да Ви ја пренесе вибрацијата која се создаваше низ семинарот.

Љубов, Едноставност и Вистина