Првите десет мажишта во светот!

Оваа класација на најсилните десет мажи во светот е според списанието Muscle and Fitness , така да без паника ако ве нема! Според нивната статистика редоследно од десето до прво место иде вака:

10. Брајан Шоу – Strongman Роден: САД, 1982 г. телесна тежина: 197 кг,  неколку пати е во врвот на  World’s Strongest Man, Рекордите му се 440 кг на мртво дигање, 374 кг чучањ, 242 кг на бенч.


 

 

9. Леонид Тараненко – Роден: СССР, 1956 г. Телесна тежина: 117 кг. Тараненко поставува  светски рекорд во clean and jerk со 266 кг и општ резултат од 475 кг во 1988 година.


 

8. Анди Болтн –  Роден: Англија, 1970 г. телесна тежина: 158 кг.  Првиот човек во историјата кој дигнал  453 кг со мртво дигање.  Личниот рекорд  му е 457 кг.


 

7. Брајан Сајдерс – Роден: САД, 1978 г. телесна тежина: 156 кг. Рекордите му се 462 кг. чучањ, 362 кг. на бенч.


 

6. Луис Уни –  Роден: 1862, Франција, телесна тежина 117 кг. Има доста легенди за типот но никакви статистички показатели што точно направил, ( по сликата за тоа време е доста прогресивен).


 

 5. Васил Вирастјук – Роден: 1974 г. Украина, телесна тежина: 145 кг. Тој е првиот човек, што бил шампион на World’s Strongest Man, и на IFSA World Championship, првото во 2004 година, а другото во 2007 година.


 

4. Пол Андерсон – Роден: 1932, САД , телесна тежина: 168 кг. Неговото име предизвикува полемики. Нема докази дека навистина направил чучањ со 544 кг, како што некои тврдат. Има златен олимписки медал во дигање тегови од Олимпијадата во Мелбурн 1956 година.


 

3. Бил Казмајер –  Роден: 1953 г. САД, телесна тежина: 149 кг. Ги освојува натпреварите на  WSM во 1980, 1981 и 1982 година.  Во 1983 година му забрануваат учество зошто немало интерес кај другите, секогаш кога Бил ќе се пријавел победувал и така… го пензионирале предвреме.


 

2. Марк Хенри – Роден: 1971 г. САД, телесна тежина: 186 кг. За Хенри сите се согласни дека во однос на дигањето тежина не го достигнал максимумот затоа што по неколкуте освоени натпреварувања преоѓа во организацијата WWE што во превод е кечери.


 

1. Зидрунас Савицкас – Роден: 1975 г. Литванија, телесна тежина: 181 кг. Бицепс – 56 -57 см Го освојува Arnold Strongman Classic 7 пати.  А рекордите му се сериозни

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија