Кардио за поголеми нозе

Контра реплика за сите оние скептици кои го имаат целосно исфрлено аеробниот тренинг додека се во фаза на билдање мускул, особено кога во прашање се нозете. 

Ексесивните, чести и многу долги кардио сесии, пример кај тренинзите на маратонските или ултрамаратонските тркачи резултираат со намалување на мускулната маса низ телото, но дали ова значи дека аеробните тренинзи треба комплетно да се истиснат од употреба кај луѓето кои имаат намера да накачат мускулна маса?

Според новите студии во повеќе наврати целосно е докажано дека аеробните тренинзи (трчање и возење велосипед) изведени на соодветен начин и комбинирани со редовниот тренинг со тегови не ја загрозуваат мускулната хипертрофија на мускулите на нозете туку напротив ја зголемуваат.

Во една од тие студии беше докажано дека комбинацијата на 45 минутен аеробен тренинг заедно со редовните вежби за квадрицепс со тегови во времетраење од неколку недели довела до зголемување на мускулната маса за 14%, за разлика од другата нога со која бил правен само тренингот со тегови каде мускулот хипертрофирал за само 8% повеќе.

И бројни останати студии го посочуваат овој факт, особено за аеробните тренинзи изведувани со повисок интензитет (80% од максималната срцева активност) па доколку целта ви е билдање на нозете подобро е да нишаните кон интензитет наместо кон времетраење на аеробниот тренинг.

Причината зошто кардиото ја подобрува мускулната хипертрофија се движи во неколку можни полиња на објаснување. Овој тип на тренинг го зголемува бројот на капилари низ мускулното ткиво, а со тоа се подобрува оксигенацијата и хранењето на ткивото, но исто така тоа го подобрува одговорот кон инсулинот со што телото подобро ги искористува хранителните материи потребни за раст на мускулите.  

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија