Наслов

Девојки и тегови

Неколку причини зошто теговите треба да се партнер во вежбањето на секоја девојка.

Здравјето и фитнес нивото отсекогаш се огледувале низ силата на човекот. Кога телото е соодветно развиено и поседува добро распоредена и функционална мускулна маса тоа претставува потпора за вашето и онака тешко секојдневие. Добро развиеното тело ве заштитува од болки во грбот и половината и од разни други повреди, ја подобрува вашата става при седење, стоење и движење и ја подобрува вашата координација и баланс. 

На другата страна стојат тонизираниот и секси изглед кој секогаш може да се постигне без опасноста за зголемување и маскулинизирање на вашето тело. Во пордолжение следат неколку работи преку кои тренингот со тежина ќе ве направи поздрава особа во секој поглед. 

Теговите трошат многу калории

Силовиот тренинг троши огромна бројка на калории. Колку повеќе мускули регрутирате за време на тренингот толку повеќе калории ќе трошите, па затоа мешајте тренинзи и регии за да ги активирате сите зони по малку. 

Добро развиените мускули се секогаш „при рака“ 

Ако се навратите на секојдневниот живот, во текот на денот со сигурност правите некое подигање, носење на одредени работи и чучнување (особено ако имате деца). Иако често за овие работи се задолжени мажите, нема да биде лошо доколку и вие сте во можност да подигнете некоја тежина, а за тоа да не ви претставува проблем. 


СИГУРНО ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ЛЕЈДИС, НЕ ПЛАШЕТЕ СЕ ОД ШИПКА И ТЕГОВИ


Ги намалува шансите за повреда

Тежините со кои работите на тренинг делуваат многу позитивно на вашиот мускулоскелетен апарат во секој негов аспект. Настанува позитивен стимул за згустнување на коскената маса со што се намалуваат шансите за одредени скршеници особено во поодминатата возраст. Дополнително, силните мускули ќе ви дадат основа за добар баланс и координација која што е важна во секојдневниот живот и во останатите спортови. 

Ви ја подобрува вашата става

Преку активирањето на мускулите кои го поддржуваат `рбетот и мускулите од абдоменот човекот се здобива со едно поквалитетно држење на своето тело. Трупот на телото и неговата развиеност е секогаш во корелација со тоа дали ќе седите згрбавено или ќе имате здрава исправена линија на држење на целото тело. 

 

03 Ноември 2014

За авторот