Бодибилдерите низ историјата

Да сте биле билдер во 1800 и некоја си година не било мала работа. Вие нормално ќе сте биле главниот шизик и најверојатно ќе сте работеле во циркус. А имало и многу „јаки“ цури што биле во овој шоу-биз.

Прусиецот Еуген бил еден од најјаките типци на планетава во таа доба. Тој не претставувал само набилдан шизик туку бил и вистинска секс икона. Еуген бил меѓу првите луѓе кои ставиле акцент на покажувањето на билдерски разбацаната става, а во 1901 година го организирал и првото големо бодибилдинг натпреварување кое се одржувало Англија.

 

 

Кети, австриската женска грамада, била меѓу првите бодибилдерки во историјата. Таа го превземала уметничкото презиме на Еуген, Sandow и го претворила во Sandwina, со што добила на популарност. Нејзината крупна става и моќност ја покажувала додека работела во разни циркуси, каде жонглирала со топовски ѓулиња и го фрлала нејзиниот маж во воздухот. Женетина!

 

 Бернар бил бодибилдер и поборник за здравиот живот. Тој го основал магазинот “Physical Culture” во 1899 година кој публикувал бројни детективски и романтични измишљотини како и спортски наслови. Бернар бил голем зависник од здрава исхрана.

 

Прекарот на Зигмунд бил „Железниот Крал”. Тој се здобил со слава и популарност по Првата Светска војна кога почнал да настапувал во разни циркуси каде што виткал железни шипки, прегризувал синџири и ковал шајки со голи раце. Во неговите шоуа тој се појавувал во разни костуми, облечен како Тарзан и Римските гладијатори се со цел да ја потенцира неговата физичка надмоќ.

 

Дедото што не тормозеше по Топ Шоп рекламите со цел да не натера да го купиме неговиот Пауер Џусер, бил страшно опасен бодибилдер во неговата младост. Џек го отворил неговиот прв сопствен фитнес клуб во 1936 година и измислил бројни бодибилдерски машини на чии што принцип се прават и модерниве справи. Тој имал неверојатни физички способности (најверојатно од џусерот). Можел да направи 1,033 склекови за 23 минути и 50 секунди на негови 42 години, а еднаш испливал 2km со врзани раце и во исто време да влечел брод на негови 50 години. Навистина чудни работи можат да направат цедените овошја.

 

Уште една жена на овој историско билдерски репертоар. Мажот на Аби ја запознал со билдањето, а таа се навлекла и била редовна на Калифорниската „Мускул Плажа”. Подоцна таа го отворила својот салон за дефинирање на фигурата кој бил само за жени.

 

 

Мичел бил армиски ветеран кој работел како наставник во средно школо. Во 1961 тој се сели во Италија каде работи на повеќе од 200 филмови од различни жанрови. Сето ова поради неговата витка бодибилдерска става.

 

Преку наградите Мистер Америка во 1947, Мистер Свет 1948 и Мистер Универзум во 1950 година овој американски шизик си изградил добар пат во неговата актерска кариера. Поради неговата снажно градена V форма, Ривс помогнал во менување на гледиштето на јавноста спрема бодибилдингот.

 

Фергињо на мали години го изгубил слухот и со тоа бил таргет за потсмевање од страна на дечиштата од школо. Сиве овие фрустрации го натерале Ферги да се насочи кон билдање на неговото тело како би се здобил со поголем риспект од неговата околина. Два пати во неговиот живот се здобил со наградата Мистер Универзум, а покрај тоа тој глумел во ТВ серијата The Incredible Hulk. Работел како актер и персонален тренер на Мајкл Џексон и Мики Рурк, а голем дел од неговото време го посветувал на мотивациони говори за луѓето кои имаат проблеми со слухот.

 

И за крај, кој друг ако не Шварци. За тие што не го знаат англискиот јазик, погоре како негов прекар во наводници стои „австрискиот даб”. Арнолд ја започнал својата кариера на 17 години, и оттогаш не престанал да победува, добивајќи дури седум титули Мистер Олимпија. Следуваше неговата актерска кариера каде што тој глумеше во бројни филмови како Конан Варварот, Терминатор, Предатор и Вистински лаги. Во 1990 неговата кариера фаќа политички кривини откако Буш постариот го именува како претседател на советот за фитнес и спорт, а во 2003 тој е избран за градоначалник на Калифорнија.