Бицепс по рецептот на Зотман

Ако ви кажеме дека вежбава датира од 1880-те години, а и ден денес таа е присутна во тетратките на голем број светски фитнес и бодибилдинг тренери, јасно ви е дека рецептот го има истрпено тестот на времето и вреди да се искористи за градење на повеќе од солидни бицепси.

Џорџ Зотман своевремено претставувал многу силен човек кој бил познат по неговите способности за кревање на големи тежини. Иако тогаш сè уште не постоел терминот билдање, билдинг итн. тој претставувал еден од првите луѓе кои се занимавале со овој спорт, а особено бил познат по неговите раце.

Вежбата која што тој ја има измислено уште тогаш, „Еднорачни по Зотман“ е варијација на флексија со еднорачни тегови која што може да донесе сериозен калибар на вашите раце бидејќи комбинира класична флексија со пронација која што во исто време ги работи бицепсите и сите мускули на надлактицата како и брахиорадијалис и другите мускули на подлактицата.
 

Како се прави:

Стоиме цврсто и исправено со нозе во ширина на рамена. Во двете раце држиме стандардни еднорачни тегови со дланките свртени према горе. Лактите се држат близу торзото и теговите се носат во флексија према нагоре. Во горната позиција, рачните зглобови се вртат во пронација (за 180 степени) такашто сега дланките се свртени спрема подот. Полека и контролирано подлактицата се носи во екстензија кон подот. Вежбата може да се изведува и наизменично. 

Видео:

Рецептот на Зотман создава огромна тензија во мускулите на надлактицата, но во исто време ги работи мускулите на подлактицата што доведува до мускулен раст на целите раце. 

Внесете стандарни сетови и повторувања во вашиот тренинг за раце, и не претерувајте со тежината бидејќи вежбата е доста тешка, поготово нејзиниот втор дел кога се работи подлактицата која често е многу слаба.

Како информација, Зотман на времето ја правел вежбата со еднорачни од по 20 кг.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија