Наслов

Маратонците го трчаат последниот круг

Кога стариот кардиолог и долгогодишен маратонец Д-р Бен Ронин налетал на натписите и студиите кои пред скоро време го извадија муабетот дека „премногу вежбање може да те убие”, тој решава да погледне нешто подетално во стапката на морталитет во неговиот стар тркачки клуб „Појадок” основан уште во 70-тите, кој се уште е активен и со доста стари членови над 70 години.

The Breakfast Club е формиран уште на почетокот од 1970-тите години кога докторот заедно со уште некои негови пријатели започнале секое неделно утро да се собираат на некоја рекреативна трчанка. Нормално започнале со мали дистанци, но после тоа почнале редовно да зголемуваат на километража. Во следните периоди клубот зазема голема популарност на ниво на градот кога имале и до 50 членови, а се трчало и по доста сериозни дистаници. 

Природно, голем дел од екипата која била во клубот започнале посериозно да се спремаат и да одат на маратони и полумаратони и тоа на некој начин станал нивен животен стил. Клубот сè уште постои, но сега e пред сè составен од нови и млади рекреативни тркачи и по некој стар маратонец кој се уште се држи. 

Откако стариот и искусен кардиолог Ронин ги разгледал малиот број на студии и информации кои велат дека пролонгираните и долги тренинзи од ваков тип може да доведат до прерана смрт т.е. да влијаат негативно на човековото здравје, тој решил да ја погледне статистиката од неговиот клуб и чисто да извлече еден не толку научно поддржан заклучок кој во секој случаj самиот зборува за себе. 

Голем дел од екипата со која што тој трчал доживеале длабока и здрава старост, па тој решил да погледне во статистиката која вели дека другарите од клубот му живееле и до 19 години повеќе од просечната стапка на живот земена од 1975 година - отприлика периодот кога и тие имале 40 години. 

Од тие години па наваму, само 18 од оригиналните 54 членови починале на просечна возраст од 81 година. Кај најголем дел (7 луѓе) овие луѓе, ракот бил најчеста причина за смрт, а остатокот починале или од природна смрт или од кардиоваскуларни проблеми. 

Од останатите 36 живи членови, 17 проценти сега имаат некаква кардиоваскуларна болест, а нивната просечна старост е 76 години. Со поедноставни зборови, стариот нашол дека срцевите проблеми зафаќаат доста мал дел од екипата на клубот „Појадок”, а 19-те години плус од оној просек за живот зборуваат многу. 

Јасно е дека неговото истражување е далеку од контролирано и може да послужи како релевантен доказ, но сепак резултатите од маратонскиот клуб „Појадок” се доста интересни за оваа тематика. 

17 Февруари 2017

За авторот