Колку е старо вашето тело?

Генетскиот часовник во нашите клетки непрестајно чука, но физичката активност има способност да навие младост. 

Според поновите истражувања беше пронајдено дека различните органи и ткива од организмот стареат со различно темпо. И покрај тоа што во голем дел ова е генетски предиспонирано и детерминирано на научниот тапет постојат други докажани начини како да се оджувате млади и здрави колку што можете повеќе.

Во продолжение, прочитајте нешто повеќе за тоа како вежбањето може да ви го „навие“ телесниот часовник на помладо во пооделните системи во организмот. 

Срце и бели дробови

Според студија објавена во the Journal of Applied Physiology, атлетите кои продолжуваат со нивниот тренинг во старите години имаат дупло подобро фитнес ниво на кардиоваскуларниот систем од они што дремат на каучот. Затоа, постарите особи мораат да останат активни доколку сакаат да нивниот организам да функционира нормално, но исто така треба доволно време да одвојат за процесите на рекуперација и заздравување бидејќи сепак нивното тело работи на помал степен. 

Мускули

Започнувајќи околу 40тите години од животниот век нашите мускули полека почнуваат да се разградуваат со темпо од околу 5 проценти на декада. Но, докажано е дека следењето на одреден кардио и силов тренинг има потенцијал да го намали овој процес дури и ако почнете на постари години. 

Зглобови

Размислувајте уште од млади за вашите зглобови бидејќи со рскавичното ткиво нема назад. Штедете ги колената со трчање на соодветни подлоги и секогаш внимавајте на поставеноста на телото додека сте на велосипед или во теретана. Соодветен тренинг со соодветна техника е клучот на долговечноста. 

Дојки

Една од главните теми на разговор меѓу женската популација е како да се одржат градите во својата младешка форма, цврсти и на место. Промените главно се случуваат поради ослабнувањето на Куперовите лигаменти во ткивото на градите, а препорачано е кај оние жени кои спортуваат, особено во контактните спортови. Нешто повеќе за „Спортски градници за здрави дојки“ прочитајте во линкот. 

Клетки

Секој хромозом во нашите клетки кој претставува носител на генетскиот „клуч“ заштитно е покриен со теломери. Должината пак на овие теломери директно е поврзана со биолошката старост, што пократок теломер – тоа биолошки помлада клетка. Студијата вели вака: оние средновековни луѓе кои трчале имале за 75 пати пократки теломери од врсниците кои имале минимално активен живот. Нешто повеќе за оваа тема можете да прочитате во статијата „Здравите животни навики може да го спречат клеточното стареење“

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија