Физиотерапија

Што е CONTINUOUS PASSIVE MOTION?

CPM претставува метод за постоперативен третман при тотални ендопротези на зглобовите но и при други ортопетски зафати како што се реконструкција на лигаменти, реконструкција на тетиви, микрофрактури на зглобна ‘рскавица и сл.

Кај повеќето пациенти по ваков тип на операција на зглобовите обидот да се направи движење во тој зглоб предизвикува болка па така пациентот одбива да направи понатамошни движења.

Ограничувањето на движењата дополнително го отежнува процесот на рехабилитација кај ваквите пациенти па така самиот процес може да трае доста долго. Пасивниот опсег на движење „CPM” во превод значи движење на зглобот без употреба на мускулите. CPM апаратите се специјално наменети за раздвижување на зглобовите кај ваквите пациенти. Постоперативната примена на овој уред може да биде во болнички и во амбулантски услови. Овој уред е доста практичен за работа, безболен и доста прецизен при што точно може да се одреди степенот на флексија во зглобот и времетраењето на самата процедура. Третманот со CPM го пропишува ортопетскиот хирург, а се изведува од страна на физиотерапевти.

Постојат CPM уреди за колениот зглоб, скочниот зглоб, зглобот на рамото, лактот рачниот зглоб и др.

Ортопетскиот хирург го пропишува начинот на примена на CPM кај секој пациент индивидуално и тоа ја одредува брзината времетраењето степенот на флексија и др.