Наслов

Испливајте ги калориите

Пливањето како ултимативната вежба која го активира целото тело може да претставува одлична опција доколку сте од оние кои решиле да бројат и топат калории, а и за сите останати кои немаат таква намера, подолу може да дознаат нешто повеќе за врвната водена активност која активира сè и сешто.

Да видиме како пооделно делуваат различните стилови на пливање врз мускулните групи и врз вишоците на калории.

Краул

Што активира? Ги тонира глутеусите (задникот), абдоменот и рамењата, а краул завеслаите најмногу го зајакнуваат грбот од сите стилови на пливање.

Колку троши? 100 калории на 10 минути (повеќе од џогирање) доколку се внимава правилно да се изведува.

Градно

Што активира? Ги шири белите дробови, ги активира градните мускули (некои жени се колнат дека ги зголемува градите), ги тонира внатрешните делови од бутовите, рамењата, трицепсите, нозете и задната ложа.

Колку троши? 60 калории на 10 минути.

Грбно

Што активира? Ги затега стомачните, задникот, нозете, рацете и рамената, а во исто време помага во истегање на флексорите на колкот (добар „противотров“ за седењето по цели денови на биро).

Колку троши? 80 на 10мин. 

Пеперутка

Што активира? Ја прави горната мускулатура посилна, и ги затега градниот кош, стомачните, трицепсот и грбот. Го истега телото и ја зголемува флексибилноста.

Колку троши? Најтешкиот стил од сите, нормално троши најмногу. 150 калории на 10 минути.

31 Јули 2016

За авторот