Комерцијален текст

Наслов

Зошто фитнес во СЦ Јане Сандански?

Како фитнес центар кој располага со врвни професионалци, нашата задача е кристално јасна, ние треба да Ве раководиме кон патот за подобар животен стил и постигнување на зацртаната цел, според потребата на клиентот.

Денес работата на еден тренер е се поголема и популарна заради фактот што се повеќе луѓе сакаат да променат животен стил и навики за подобро да се чувствуваат и да имаат подобро здравје.

Како би знаеле дека правите добар избор ако одберете личен тренер, еве ги причините ако некогаш се двоумите:

Подобрување на вашето целосно здравје и фитнес.
Повеќето луѓе денеска имаат цели во животот што ги одредуваат во било кој временски период. Но многу од нив не знаат како да ја постигнат целта што си ја замислиле.

Затоа луѓето сакаат да работат со тренер, зашто тој им помага да ги остварат своите цели како: кардиоваскуларно здравје, сила, издржливост, кондиција, корекција во држењето во телото, баланс и кординација. Личниот тренер може да ви направи специјална програма што сигурно ќе ви помогне да поставите реални цели и стратегии, која заедно со подршката ќе добиете супер мотиватор за постигнување на вашите планови и цели.

Да постигнете здрава тежина и да ја одржите истата.
-Луѓето страдаат со тој проблем да ја одржат својата идеална тежина, пробуваат милион диети кој не само што не се ефективни, туку не го даваат ни посакуваниот резултат.

Запомнете дека во било кое поле и да почнете потребно е време и трпение да постигнете каков и да е резултат, идеална тежина не може да се креира за 90 дена или 6 месеци, особено ако ви било потребно 3 години да ја имате сегашната тежина, на вас ќе ви треба исто толку време да ја намалите и одржувате.

Да се научите да се задржите на програмата.
-Има многу луѓе што сакаат да пробаат нешто ново и предизвикувачки, се со цел да им биде забавно, но никогаш нема да добијат никакви резултати.

Тие луѓе ќе идат на се на зумба, аеробик, пилатес, јога, метаболички тренинг, кросфит и разни нови тренди програми што ветуваат многу али ништо не исполнуваат.

Ако сакате резултати мора да ги следите советите на инструкторот, може заедно да дебатирате за било која тема и да најдете сопствен интерес во кој и клиентот и тој ќе имате супер искуство и со тоа ќе научите како да се држите до програмата.

Фокусирање на вашите инвидуални цели.
Луѓето денес имаат посебни цели, некој страда од артритис, дијабетис и гојазност. Личниот тренер може да ви помогне да ги постигнете тие или други цели како болки во кичмата, рехабилитација од повреда и мајки што се за време на бременоста и после неа.

Вашиот тренер може да работи со професионалното лице како доктор, физиотерапевт или било кој специјалист за да ви направи ефективна програма за вежбање со која вие побрзо и поефективно ќе закрепнете или ќе ги постигнете вашите фитнес цели.

Наоѓање на правиот начин на вежбање.
Со самото тоа што ќе го изнајмите тренерот ќе дознаете и како ќе го користите слободните тежини и цела опрема во една теретана, со тоа ќе нема да губите часови и време на справи што не ви даваат резултати.

Прекинете да губите драгоцено време.
Добијте максимални резултати за многу кратко време со програма што е дизајнирана специјално за вас. Вежби што ќе ви ги подобрат вашите недостатоци и ќе ги зајакнат вашите силни страни секогаш се ефективни и ефикасни.

Научете нови вештини.
Сакате да се подобрите во кошарка, тенис, како да скијате, планинарите или било кој спорт за време на викендот? Инвидуализираната програма може да ви помогне да ја подобрите вашата кондиција и вештини кој ви се потребни за таа вештина.

Подобрете го вашиот ум, тело и дух.
Личниот тренер може да ви отвори нови перспективи за личен развој и нови искуства.Многу тренери во нивната програма нудат јога и таи-чи сесии. Тренерот може да ви донесе нови гледишта лично за вас и да ви открие потенцијал кој досега никој не ви го отркил.

Повеќе внимание.
Кој не сака денес повеќе внимание? Вниманието што го добивате од вашиот тренер и посветеноста да се среќавате со него е доволна причина плус за да се осеќате сигурни и полни со самодоверба дека можете да успеете во тоа што сте го зацртале.

Најдете програма што вистински ви одговара и подигнете ја на повиско ниво!
Со вистинскиот тренер, вие можете да си ја најдете вистинската програма што фунцкионира лично за вас. Дали сте повеќе за посмирен или поинтензивен пристап?

Дали би сакале да вежбате дома, во теретана или во студиото на еден тренер?

Колку пати неделно или месечно сакате да вежбате и колку долго?

Кога одбирате тренер имајте ги на ум овие работи, само така можете да знаете дали неговите совети ќе функционираат и дали ќе бидат добри лично за вас. Со тоа може да бидете фит и здрави на ваш начин и да ја земете одговорноста за вашето целосно здравје.

14 Април 2015

За авторот