Зголемете го профитот преку вежбање

Работната ефикасност или продуктивност е секојдневна тема на успешните компании и работодавци. Се бараат различни модалитети со цел да се зголеми продуктивноста а со тоа и профитот, и во нормални случаи и платата на вработените.

Низа фирми и големи  компании користеле и сеуште користат разни освежувачи на работните простории, мириси, бесплатни кофеински или други освежувачи, акустички ефекти и какви не други стимуланси. Многу често се применуваат и почести периодични одмори и продолжени викенди.

Препораките за користење на спортски и рекреативни активности во секојдневната агенда па дури и за време на работа е нешто што во последните години побудува интерес но и дава позитивни резултати.

Група на научници од Универзитетот во Стохлом-Шведска ги истражувала ефектите врз 177 работници. Тие го намалиле неделното работно време за 150 минути на сметка на физичките активности-вежби.

Истражувањето траело 12 месеци, а физичката активност за време на работата била одлично прифатена.  Продуктивноста се зголемила а се намалило отсуство од работа по разни основи.

Изненадувачки и со леснотија биле решавани работните задачи. Расположението било видно подобрено, а здраствениот статус значително на позитивно ниво. Истражувањата беа објавени во Journal of Occupational and Environmental Medicine.

Интеграцијата на спортските активности и фитнесот во секојдневните работни рутини е сигурно решение за поголема продуктивност. Промоцијата и едукацијата за континуирани спортски и рекреативни активности, активно искористени викенди, користење на велосипеди како превозно сретство до работното место се само дел од она што може да се примени со единствена цел – ЗГОЛЕМЕНА ПРОДУКТИВНОСТ, ПРОФИТ А СО ТОА И ПОГОЛЕМА ПЛАТА. ДОБРОТО ЗДРАВЈЕ И РАСПОЛОЖЕНИЕ СЕ ОДЛИЧЕН БАКШИШ.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија