Изреки што ќе ве помрднат

И покрај тоа што знаеме и сме свесни за бенефитите на вежбањето и тренингот, сепак наоѓаме начин како да се оправдаме и да го прескокнеме заради безброј други “приоритети”. Сигурно сте ги слушнале, а некој од нив ви се во репертоарот… Уморен сум! Имам работа! Немам доволно време!, Не ме бива… итн.

 

Затоа на сите од време на време ни е потребен некаков бустер или мотив кој ќе нè најпрво придвижи во главата. Секој треба да си има некаква мотивациска мантра која ќе се спротистави на каучот, креветот, обилната вечерата и мрзеливото легачење. Еве неколку кратки тренинг мотивирачки изреки кој се надевам ќе ве голицнат.

                                                                                        

“Единствениот тренинг за кои што ќе жалите, е оној кој не сте го направиле.
– Анонимен

 

“Сум промашил 9000 пати во мојата кариера. Сум загубил 300 натпревари. 26 пати промашив кога ми беше доверено да го изведам последниот шут за победа. Сум се соочил со многу падови, и затоа успеав.”
– Мајкл Џордан

 

“Се што вреди да се направи, вреди да се направи правилно!”
– Хантер С. Томсон

 

“Кога откажувањето не е повеќе опција, значи дека сте на половина пат до целта.”
– Анонимен

 

“Оние кои што нема да најдат време за вежбање ќе мора да најдат време за болест.”
Earl of Derby

 


“Не прекинуваме да бидеме активни затоа што старееме, туку старееме затоа што прекинуваме да бидеме активни.”
– Др. Кенет Купер

 

 “Кога нозете ви се уморни, трчајте со срцето!”
– Анонимен

 

 “Грижете се за телото. Тоа е единственото место каде треба да живеете.”
– Џим Рон

 

“Има толку многу причини за да трчате колку што има и денови во годината. Но пред се јас трчам затоа што сум дете и животно, уметник и светец. А и ти си исто така, пронајди ја својата игра и својот внатрешен порив. И ќе бидеш подобра личност.”
– Џорџ Шехан

 

“Некаде на светов некој тренира во овој момент. Кога ќе се натпреварувате, тој ќе победи.”
– Том Флеминг

 

“Денес јас сум подобар од вчера, но не толку добар како што ќе бидам утре.”
– Анонимен

 

“Вежбај за да живееш, никогаш не живеј за да вежбаш!”
– Џек Лалејн 

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија