Запознајте го македонскиот пливачки тим од Специјалната олимпијада во Абу Даби

„Заедно до медали” е видео проект, со кој ја следиме делегацијата на Специјална Олимпијада Македонија и нејзините тимови пред и по Летните Олимписки игри на Специјална олимпијада Абу Даби 2019.

Оваа видео сторија го претставува пливачкиот тим, предводен од тренерот Горан Андоновски и атлетите Јулијана Петровска, Катерина Петковска, Марио Мицковски и Стефан Трпковски. Од олимписките игри се вратија со три златни медали, две за Марио Мицковски, на 50 метри слободен стил и 25 метри грбно и злато за Стефан Трпковски на 50 метри слободен стил.