Алгасан и Бубало Фит Предизвик 2016

Наслов

Запознајте ги тимовите што дадоа сè од себе на Фит Предизвик #2

Овогодинешниот Фит Предизвик стартуваше со полна пареа и веќе на второто натпреварување тимовите беа влезени во шема, натпреварувачки настроени, но пред сè, расположени за спортско дружење. Во меѓувреме ги прашавме да ни кажат по нешто за тимот...

ТИМ СКАУТИ

Името на тимот произлезе од нашиот спонзор Scout Outdoor Shop, инаку ние двајца сме другари што спортуваат цел живот, трчаме маратони, активни сме континуирано. На Фит предизвикот се пријавивме за да го пробаме и ова искуство како нешто поинакво.

ТИМ ENERGETIC TWINS

За Фит предизвикот дознавме преку интернет од порталот Здрава Навика и се пријавивме под ова име бидејќи сме близначки што сакаат да спортуваат. Сакаме да видиме колку сме физички спремни на ваков натпревар, бидејќи вежбаме редовно во теретана. 

ТИМ LET THEM EAT CAKE

Другарки сме долго време, а освен спортот не спојува и љубовта кон храната, па затоа го избравме ова име за тимот и решивме заеднички да си ги измериме силите.

ТИМ ПИНАКОЛАДА

Обожаваме да пиеме пинаколада па затоа се решивме за ова име на тимот. Најдобри другарки сме од прво одделение, а во останатото време вежбаме персонални тренинзи со Елена Бубало преку која и дознавме за Фит предизвикот. До сега сме презадоволни!

ТИМ DOUBLE TROUBLE

Ние сме учесници и од минатата година. За името на тимот прво што ми дојде беше тоа, а инаку партнерот ми е дечко со кого заедно и живееме. Инаку воглавно возиме точаци и трчаме, а во зимските месеци вежбаме во теретана.

ТИМ ЕКСТРИМ

Се знаеме од предходно и вежбаме заедно. Името на тимот дојде спонтано и сметаме дека доволно кажува за нас. Се надеваме на победа.

ТИМ АТЛЕТИ

Идејата беше на мојот пријател Александар да учествуваме на Фит предизвикот и јас прифатив. Името на тимот го избравме бидејќи често рекреираме на кеј иако не сме професионални атлети.

ТИМ АНАСТАСИЈА

Во тимот сме две другарки што вежбаме аеробик кај Бубало, а името на тимот го избравме поради третата наша другарка што не е баш по вежбањето.  

ТИМ ФРАЕРКИ

Мојата пријателка Анета е кум на името на тимот бидејќи е голема фраерка, а инаку ми е и партнер во тимот. Учествував и минатата година така што веќе сум запознаена со Фит предизвикот. Немавме специјални подготовки, но тренираме Микс аеробик три пати неделно. 

ТИМ БОНИ И КЛАЈД

Зоки мојот партнер го смисли името на тимот, а се натпреварувавме и минатата година на овој предизвик. Целта ни беше да видиме дали имаме прогрес од лани и може да кажеме дека до сега сè оди супер иако е рано да се каже дефинитивно. Тука сме пред сè за забава и дружење.

ТИМ СЕМПЕР 

Името на тимот има посебно значење за нас двајца, но нема да откриеме какво. Инаку колеги сме од работа. Досега го пратевме предизвикот но немавме слободно време да учествуваме, но конечно ни се укажа шанса. Рекреираме и активни сме скоро секој ден.

ТИМ БУБАЛО БАНДА

Видовме и лани дека имаше Фит предизвик на Алгасан и Бубало и се заинтересиравме да се пријавиме оваа година. Вежбаме кај Бубало па така и го смисливме името на тимот.

ТИМ М НА КВАДРАТ

Марија и Меги го сочинуваат овој тим па од таму дојде и неговото име. Се знаеме од факултет. Вежбаме пилатес и понекогаш во теретана.

ТИМ ЦРЕШИ

Оваа година исто како и лани се собравме со другарка ми и решивме да се викаме цреши а не вишни бидејќи црешите се слатки а не кисели. Од минатата година машкиот член го исфрливме па останавме женска екипа. Се надеваме дека супер ќе се покажеме и на овој предизвик.  

ТИМ ВАНИЛА ФЕЈС

Многу спонтано се случи да се пријавиме на Фит предизвикот кога се враќавме од вежбање и во кола се пријавивме. И не бевме свесни дека сме вистински пријавени до последен момент. Дојдовме за забава и да запознаеме нови луѓе, а го гледавме и видеото од минатата година и ни се виде многу интересно. Името го смисливме по една фраза што си ја користиме секојдневно, а инаку сме колешки од работа.

ТИМ СУПЕРИОРЕС

Името на тимот го избравме од латинскиот збор што значи моќност или надмоќни. Се собравме како колеги од работа, а за Фит предизвикот дознавме од другите колеги што биле минатиот пат и видовме дека е интересно и дека има големо дружење. Првиот ден беше добар, а сега се надеваме на уште подобро.

ТИМ СМЕДЕРЕВКА

Тимот како и минатата година си го задржи името смедеревка. За жал сега сме двајца, но пак сме јаки. Името го смисливме бидејќи си сакаме винце ама и спортуваме. Во главно вежбаме во теретана, фитнес и карате.

08 Јуни 2016

За авторот