Заљубени во Љуботен

Кој стапнал и го пропешачил овој дел на импозантната Шар Планина имедијатно бил шармиран од Љуботен, па затоа засекогаш се враќа на неговите падини. Така започнува нашата приказна..

Беше некој тмурен ноемвриски викенд и можеби многумина се откажаа од доаѓањето бидејќи мислеа дека од Љуботен, Љ нема да видиме. Прогнозата беше климава, па и ние не бевме сигурни што ќе не чека, ама сакавме, љубевме да го видиме, да го стапнеме и искачиме.

Кога да видиш, некои 5-6 автобуси од различни планинарски друштва полни со лица кои бараат неделата да им заврши, но и да им почне со длабока и чиста воздишка. Има Македонија планини, а богами и љубители на планинарењето.

Оние што беа на врвот претходниот ден се фалеа дека начекале сонце, ама ние не се разочаравме од маглата и ветрот, сепак врвот го затекнавме во оригинално касно есенско издание, комплетен за овој период од годината.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија