Вежбањето ни ги менува гените, на поарно!

Од аспект на генетиката, редовното и долготрајното следење на некој распоред на вежбање прави есенцијални промени на ова ниво со што нашите клетки и организам целосно се освежуваат и редефинираат. 

Редовното вежбање и онака е познати дека го подобруваат целокупното здравје на човекот, но нова студија направена од шведски научници е се` поблиску до објаснување на точниот механизам на ова делување. 

Имено, гените со кои луѓето се родени низ текот на годините трпат промени во зависност од околните фактори, животниот стил, исхраната и активноста па така секоја промена која што се прави на ова ниво, дали позитивна или негативна води до соодветни промени на генетско ниво. 

Долготрајното следење на endurance тренинзи (трчање, велосипедизам, триатлон, крос-кантри скијање итн) не само што ја подобрува генетската структура на сегашните клетки, туку и влијае на продуцирање на нови исто така здрави гени и клетки. 

Во истражувањето биле земени 23 млади и здрави особи кои четири пати во неделата во текот на три месеци имале редовни сесии на вртење велосипед само со едната нога. Откако биле споредени биопсиите на двете нозе, забележани биле зголемени маркери за променета активност во 5000 гени на страната која била активна т.е. гените на мусклуните клетки соодветно се адаптирале на промените за поефикасен енергетски метаболизам, инсулин резистенција и справување со воспалението, додека неактивната страна била асоцирана единствено со воспалителни промени. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија