Хроничните болести не се изговор

Ако имате некаква хронична состојба или болест секако дека се прашувате колку и како, и дали да бидете активни за да не се чувствувате лимитирано во вашето тело. Со добра консултација, скоро секој би можел да спортува.

Она што е важно ако веќе не сте го направиле е максимално да се информирате околу вашата состојба или болест за да дознаете каков спорт или физичка актвиност можете да изведувате без негативно да влијаете на вашата состојба.

Доколку имате хронична болест на срцето, дијабет, астма, или болки во грбот или колковите вежбањето и физичката активност може да влијае благопријатно и може да ја подобри вашата состoјба.

Консултацијата со доктор и тренер е важна за да се спроведе правилна програма која ќе ви донесе бенефити. Дозирањето и типот на вежби и активности, правилниот интензитет и број на тренинзи во одреден период е она што ќе одлучи за поволниот ефект на програмата.

 

Пример, кај срцевите болест силовиот тренинг е важен за издржливоста и снагата бидејќи луѓето кој страдаат од ваквите болести имаат надолна линија во овој параметар.

Кај дијабетичарите редовните тренинзи и физичка активност можат да помогнат на инсулинот во регулирање на нивото на шеќер во крвта. Исто така ќе помогне во регулирање на телесната тежина и ќе ве енергизира за да се чуствувате подинамични.

Кај асматичарите, вежбањето ќе помогне во контролата на зачестеноста на асматичните напади и нивниот интензитет.

Оние луѓе кој имаат хронични болки во грбот доколку применуваат ниско интензивни аеробни вежби можат да ја подобрат силата и издржливоста во грбот и целосно да ја подобрат мускулната функција на телото. Вежби за стабилизација и зацврстување на трупот се искучително важни и тие ќе ги редуцираат симптомите и ќе ја подобрат силата на околната мускулатура на рбетот.

Оние кои имаат артритис можат да бенефицираат со тоа што редовната активност ќе ги намали болките во зглобовите, ќе ја подобри нивната подвижност што ќе ја намали нивната вкочанетоста. 

 

Вашиот доктор, тренер или физиотерапевт треба прецизно да ве посоветува кој вежби или активности ќе влијаат најповолно за вашата состојба и кој активности ќе треба да ги избегнете.

Пример ,кај болките во лумбалната регија сигурно ќе ви бидат препорачани активности како пешачење или пливање, бидејќи овие активности нема да ја преоптоварат засегнатата регија.

 

  • Подготовки пред вежбањето

Ако сте дијабетичар имајте на ум детка физичката активност го намалува нивото на шеќер во крвта и затоа пред да направите било каков тренинг измерете го неговото нивото. Доколку сте земале инсулин или било каков медикамент треба да внесете некој залак.

Кај артритични состојби направете топол туш затоа што така ќе ги релаксирате зглобовите и ќе ја намалите потенцијалната болка која може да се јави за време на вежбањето. Користете и патики кој ќе ви дадат дополнителна амортизација за да го намалите стресот врз зглобовите.

Доколку имате срцеви заболувања бидете претпазливи, направете консултација со вашиот доктор околу симптомите при кој  треба да ја прекинете активноста. И бидете опремени со монитор за срцева фрекфенција кој ќе ви помогне да го следите прецизно интензитетот, односно реакцијата на вашето тело.

Не се обесхрабрувајте доколку страдате од било каква хронична болест или состојба, уживајте во вашето тело, чувајте го и секако бидете активни и мотивирани да имате поквакитетен живот. Вашиот пример ќе биде поттик за многумина.