Вежбајте за поголема креативност

На еден бесплатен и здрав начин, вежбањето, односно редовните физички активности може да ги зголемуваат когнитивните процеси и да промовираат поголема креативност, вели една нова студија.

Во долгата листа на полезности кои ги нуди физичката активност се додава уште една ставка – креативноста. Имено, според студија објавена во Frontiers in Human Neuroscience се покажа дека редовните вежбачи се подобри во тестовите за креативност од оние кои се многу малку активни.

Специфично, научниците пронашле дека вежбањето е асоцирано со подобрување на дивергентното и конвергентното размислување, двете компоненти кои се сметаат за основа на креативното размислување. Првото инволвира размислување на повеќе солуции за еден проблем, а второто, размислување на едно решение за одреден проблем.

Во тестовите за креативност кои биле правени од учесниците во студијата оние кои регуларно вежбале се покажале како далеку подобри од оние кои немале вакви навики на регуларно ниво.

„Секојдневното вежбање може да делува како промотор на креативноста на еден здрав и бесплатен начин.“ – вели Лоренца Колцато, една од истражувачите.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија