Наслов

Лактати, скриено гориво што може да ве донесе до целта

Често се случува спортистите и тренерите да ги сметаат лактатите само како извор на замор и на болка, но тоа не е точно. Лактатот не е мртва точка на анаеробниот метаболизмот, туку молекула која содржи гориво и може да се користи во вашето тело колку што е потребно а може да делува и како сигнал до вашите мускули за прилагодување на одредена вежба.

Нашите клетки чуваат мала количина на АТФ (Аденозин Три Фосфат - молекула која содржи енергија), што значи дека тие треба постојано да ги дополнуваа. Клетките имаат три механизми за тоа: АТФ систем, гликолитичкиот систем и оксидативен систем.

АТФ-фосфокреатин систем
Фосфокреатинот е високо енергетска молекула која може да се разложи со цел да се создаде АТФ. Тоа е многу брз систем кој не бара кислород и не произведува лактат, но затоа што е достапна само ограничена количина на фосфокреатин која се користи во првите 5-15 секунди од интензивниот тренинг. Затоа е и позначаен за спортови во кој има експлозивни и кратки движења.

Гликолитички, кислородно независен или анаеробен систем
Ние генерираме АТФ при разложување на гликозата или гликогенот. Овој брз систем не бара кислород, но произведува само ограничена количина на АТФ. Крајниот производ е пируватна киселина, која може да се земе во кислородно-зависниот систем (види подолу) или да се трансформира во лактат.

Оксидативен, аеробен или кислородно-зависен систем
Пируватната киселина може се преземе од страна на митохондриите (клеточна органела), кои се енергетски постројки на клетката. Потоа таа влегува во серија од сложени хемиски реакции и конечно произведува голема количина на АТФ. Овој систем е бавен и бара кислород, но може да произведе голем прилив на енергија која ќе трае подолго време.

Зголемување на интензитетот
Неодамнешните студии покажаа дека количината на кислород во мускулните клетки никогаш не се намалува до тој степен за оксидативниот систем да мора да престане. Термините "анаеробни" и "аеробни" во тој случај се збунувачки, и треба да се заменат со "кислородно независни" и "кислородно зависни".

Како што се зголемува интензитетот на тренингот, само кислородно-независниот систем е доволно брз за да реагира, а тоа ќе произведе повеќе пирувинска киселина отколку што може да се справи побавниот, оксидативен систем. Ако клетките произведуваат повеќе пирувинска киселина, ќе се формираат и повеќе лактати.

Движењето на енергијата
Спротивно на популарното мислење, лактатот не е отпаден продукт туку молекула полна со енергија. Откако тој ќе дојде во крвотокот ќе биде искористен најчесто од тип 1 мускулните влакна, црниот дроб, срцето, мозокот или  некој друг орган. Потоа се трансформира повторно во пирувинска киселина и се користи како гориво. Во црниот дроб и во мускулите, може повторно да се трансформира во гликоза односно во гликоген форма за негово складирање.

Моментот кога продукцијата на лактати го надминува "дозволеното" ниво се нарекува лактатен праг. Всушност, тоа не е стриктен праг туку е постепен процес. Како што слабеете и ја зголемувате мускулната маса, вашето тело го подобрува превземањето и користењето на лактатите од крвотокот. Затоа ќе можете понапорно да тренирате понапорно или побрзо да трчате сè додека не стигнете до вашиот лактатен праг.

Сигнализирачка молекула
Научниците веќе веруваат дека лактатите го помагаат формирањето на нови митохондрии, а со тоа ги прават вашите мускули поприлагодливи на разновидни тренинзи.

За да бидете здрави, вашето тело мора да одржува рамнотежа помеѓу разните хемиски супстанци во вашите клетки. Некои научници сметаат дека зголемување на количината на лактати во крвта е сигнал за несвесниот дел од мозокот дека премногу се напрегате, и дека оваа рамнотежа може да биде нарушена доколку продолжите со истиот или појак интензитет. За да бидете сигурни дека тоа нема да се случи, вашиот мозок ќе ве успори со тоа што ќе ве умори и ќе регрутира помалку мускулни влакна за да превенира повреда.

Добрите и лошите
Сите хемиски супстанци во нашето тело имаат свои предности и недостатоци, така што не постојат лоши молекули. Сè се врти околу балансот. Лактатите не се исклучок, и заслужуваат многу подобра репутација од моменталната.

18 Април 2013

За авторот