(транскутана електро-нервна стимулација)

Наслов

Третман на акутна и хронична болка со ТЕНС терапија

"Болка тоа се едни непријатни сензорни и емоционални искуства поврзани со актуелни или потенцијални оштетување на ткивата, или опишани од аспект на таква штета "- според интернационалната асоцијација за изучување на болката.

Најчестата употребувана форма на електрична стимулација за менаџирање (третирање) на болката електроаналгезија е транскутаната електро нервната стимулација-тенс.

Во светот освен фармаколошки пристап се почесто се применува и физикален третман за менаџирање со акутната и хроничната болка предизвикани од најразлични состојби на организмот.Во западно европските земји фондовите за здравство одделуваат финансиски средства за набавка на апарати за тенс на своите клиенти,со цел правилно да се третира нивната болка.Овој нивен пристап кон решавањето на овој вид на проблем е финансиски оправдан имајки предвид дека времетраењето на боледувањата на вработените со хронична болка се повеќе се намалауваат.Овие пациенти можат полесно да функционираат на своите работни места и да ги извршуваат своите работни обврски.

ТЕНС терапијата е не медикаментозна, неинвазивна, широко прифатена терапија без несакани ефекти и извонредни резултати во третманот на болката.

Главната цел на овој вид на терапија е потиснување на болката ,подобрување на на крвната циркулација,мускулна релаксација, стимулирање на различни анти-воспалителни супстанци кои го поттикнуваат заздравувањето на процесите на вашето тело.

Овој тип на стимулација се карактеризира со бифазна, ниско волтажна, постојана струја со избор на параметри, како пулс и ширина на пулсот.

Индикативни сосотјби за третман со ТЕНС се следниве:
Акутни болки , спортски повреди (контузии, скинати мускулни влакна, дисторзии, истегнати лигамнети), хроничен замор, ишиалгија, дискус хернија, мускулоскелетни болки, вклештен нерв хронични болки во вратот, грбот, зглобовите на рацете и нозете.

Како функционира ТЕНС терапијата?

ТЕНС терапијата е дел од физикалната терапија како електро-метода се применува директно на местото на болката и нејзината проекција.
Тенс апаратите доставуваат мали електрични импулси преку поставените електроди на кожата.

Тенсот е нискофрекфента струја која практично го прекинува пренесувањето на аферентните болни дразби од периферијата до задните рогови на рбетниот столб и на тој начин го оневозможува протокот на болните импулси до централниот нервен систем.Овој физиолошки механизам доведува до намалување на болката ,мускулниот спазам и ја подобрува циркулацијата на местото на апликацијата.

Хипотезата за ефективноста на ТЕНС терапијата е во pain gate (вратата на болката) теоријата.

Соодветно поставување на електродите според целта која сакаме да ја постигнеме, за намалување на болка електродите се поставуваат на болната точка,за постигнување друга цел електродите се поставуваат на веке добро утврдените мускулни точки.

Ефективноста на тенс терапијата зависи од правилно модулираните параметри, времетрењето и интензитетот на третманите.

Во третманите на акутна и хронична болка можат да се вклучат различни физикални методи за менаџирање со болката како што се криотерапија, термотерапија, специфични кинезитерапевтски вежби и други видови на електротерапија.

Физикалниот третман треба да биде воден од физиотерапевт кој може правилно да го спроведи физикалниот метод за да се подобри моменталната состојба на пациентот.

06 Септември 2015

За авторот