Table & Mind Games

Наслов

Тренирај вијуги, играј бељот

Ви текнува Џамбазов што ги прашуваше битолчаните што се јавуваа во Супер Бинго? „-Играте бељот таму во Битола?“. Со прашањево искусниот џамбаз сакаше да дознае дали битолчани сеуште си го тренираат мозокот со оваа неверојатна игра или таа им претставува само комарџиски медиум. Или пак и двете. За мала промена на пензионерските картаџиски игри кои знаат да бидат неверојатно досадни, научете бељот и размрдајте си го мозокот. Ментален тренинг со шпил карти!

Многу студенти, ширум светот не само кај нас се зезнале што ја научиле играва (факт)! Ок, бељотот може да послужи како добар ментален тренинг, но има една маана! Толку многу е заразен што се пишуваат квадрати и кубови на големо заради една не толку проста игра со карти.

Играта првично е измислена во Франција во околу 1920 година, а зазема корени од Холандската игра Klaverjassen. Во Македонија, мораме да ги пофалиме жителите под убавата планина (Баба) кои долгогодишно ја одржуваат играта во живот особено во битолските села каде се сум чул дека се игра најхард-кор бељот. И Прилеп, да не го заборавиме!

Прво

Нивото на картаџиски вештини потребни за играње на оваа игра се левел макс. Треба следење, броење, цакање, придржување кон правила, да „знаеш“ и очекуваш кој што карти има и ред други работи. Затоа на почетокот бељотот ќе ви биде многу тежок за разбирање, но со макотрпна работа и неограничена мотивација (каква што има само еден студент) тој се учи, како и се друго што треба после да се положи.

Второ

Јас во никој случај нема да можам тука да ве научам како да ја играте играва (ни во 5 статии нема да можам). Поради бројните правила што секој играч треба да ги следи и почитува играта е многу сложена, тешка и ве тера да размислувате. Затоа прочитајте нешто повеќе овде, а најубаво се учи на маса, со добро друштво и во опуштена атмосфера.

Трето, но не и последно (битолската песна е последна)

Во бељотот сериозно има размислување. Пробајте и разбијте си ја монотонијата во вашите глави. Мал ментален тренинг нема лошо да ви дојде.

Искрено Ваш Бељот-Ромбељот!

10 Декември 2012

За авторот