Тренирај џвакање

Затоа што така ќе му олесниш на стомакот, можеш да скратиш на калории па да ослабиш, а ако ви текнува на 32 пати соџвакај пред да голтнете ќе видите дека и тоа до некаде било во право.

Премотајте го малку филмот. Колку пати сте ја правеле оваа актвност махинално, без воопшто да обрнете внимание на самиот процес на мастикација. Или немаш време, па брзаш со јадењето и голташ без осет, или имаш толку многу време, ама си на некоја слава, па пак си зафатен со други „поважни“ теми.

Да ја соџвакаме малку темава..

Разградување

Од две гледни точки, џвакањето е многу важен процес во актот на хранење. Тоа механички ја раздвојува и сече храната на мали парчиња со што таа станува полесна за дигестирање во стомакот. Вториот момент е тоа што самата разградба веќе почнува во устата со одредени ензими од плунката, а таа дополнително делува како лубрикант за полесно да пројде надоу.

Заклучок: колку подолго џвакате толку храната е полесна за дигестија.

Броење до …

Некаде на крајот од 19тиот век, докторот и диететскиот гуру Џон Харви Келог, човекот кој заедно со неговиот брат Вил Келог во тоа време ги измислуваат полнозрнестите житарки бил првиот што произлегол со идејата дека залакот треба да биде соџвакан 35 пати пред да го човек да го голтне. Потоа искочи идејата за 32 пати, ама ниту еден од советите не биле базирани на истражување и на крајот на краиштата, ако направиш калкулација испаѓа дека ни двете идеи не се во ред бидејќи тоа е едноставно, премногу.

Во поново време се смета дека оптималниот број на џвакања пред да се голтне болусот е 10 пати.

Смалете на калориите

Подолгото џвакање го успорува процесот на јадење со што му дава доволно време на умот да регистрира дека организмот е сит. Организмот ги препознава зголемените нивоа на глукоза после јадењето со мало задоцнување, па затоа оној кој што јаде брзо и многу има поголем ризик да „ќари“ прекумерна тежина.

Затоа правете паузи за време на оброкот или помеѓу различните оброци, за да имате време точно да дознаете дали сте се уште гладни.

За крај, принципот на уживање

Многу важен дел од целиот процес на хранење е и самото уживање во него. Џвакањето споро и долго Ви дава време да уживате во оброкот бидејќи имате доволно време да ги осетите сите вкусови и мириси, а тоа има потенцијал да ве направи позадоволни и посреќни.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија