Тренингот во група е закон!

Збор два за ефикасноста, енергичноста и мотивирачката страна на тренингот во група.

Секој активен човек понекогаш станува заситен од монотоните тренинзи кои најчесто сам си ги осмислува. Без разлика дали преферирате кардио, фитнес, силови тренизни или пак комбинација од сите три, прашање на време е кога ќе дојдете до моментот на апсолутна демотивација.

Тоа е нормално, очекувано и најчесто не трае предолго, oсобено ако ваквиот начин на живот е нешто без кое не можете. Доколку пак сте од оние кои допрва почнуваат со активен животен стил и им треба екстра мотивација, поддршка и малку знаење и за вас има решение.

Решенијата во суштина се безбројни но едно од најдобрите кои можете да ги одберете и за кои можете да се одлучите секако е групниот тренинг. Пилатес, аеробик, кросфит, зумба… Одберете еден од многуте избори кои ги имате наоколу и уверете се и самите во бенефитите од ваквиот тип на вежбање.

Зошто групниот тренинг е толку добар:

– Тренингот во група е докажано еден од најмотивирачките типови на тренинг кои постојат. Опкружени сте со луѓе со слични амбиции како и вашите и плус се наоѓате во просторија креирана за вашите потреби. Тоа што ваквиот тренинг однапред го резервирате и плаќате е само причина плус да не пропуштите тренинг.

– Во пакетот на тренирањето во група добивате и личен тренер кој точно ќе ги увиди вашите потреби и ќе ви структурира тренинг кои ќе ги следи вашите цели а воедно ќе биде прилагоден на моменталната форма и можности. Значи добивате загревање, тренинг и ладење од сертифициран тренер, односно комплетен пакет. Да не се залажуваме, ова е нешто што сами речиси никогаш или многу ретко го правиме.

– Да се биде дел од тренинг група значи да се биде дел од една голема заедница во која има слични приказни како и вашата и во која има луѓе со слични желби и очекувања како и вашите. Да се биде опкружен со ваков тип на луѓе е едно од најважните фактори за долгорочно поврзување со здравиот начин на живот.

– Тренингот во група е забавен, динамичен и интерактивен, а тоа е суштината на активниот живот. Тој треба да биде причина за среќа и нешто што ќе ви го збогати секојдневието со различност и што ќе ве оттргне од монотонијата и стресот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија