Стрес топче за подобар перформанс

Едноставната рутина на стискање на стрес топче може да им помогне на атлетите подобро да се справат со притисокот и тремата особено во големите натпреварувања каде влијанието во околината знае негативно да се пренесе на изведбата.

Иако стрес топчето само по себе e измислено да ја намали напнатоста кај човекот, неодамнешни истражувања покажаа дека користењето на топчето (засега се знае само за деснаците) пред поголемите натпреварувања може да ја подобри самата изведба на спортистот.

Истражувањето било правено на фудбалери, џудисти и бадминтон играчи за време на тренинзи и стресни ситуации (пред камера или публика) а рзултатите покажале дека оние атлети кои стискале стрес топче со левата рака 30 секунди пред изведбата покажале подобри резултати од оние кои стискале со десната.

Одговорот зошто баш левата страна продуцира подобри резултати лежи во мозокот. Десната хемисфера е одговорна за автоматското однесување на човекот, а движењата на искусните спортисти скоро секогаш се одвиваат на автоматски начин, без учество на свеста.

Кога во рутинските активности ќе се помеша тремата, односно стресните ситуации тие лесно може да ги исфрлат спортистите од рутината на изведбата. А бидејќи моториката функционира така што е поврзана обратно, десната хемисфера ја контролира левата страна и обратно, активрањето на левата рака ја активира десната хемисфера и ја враќа во нормала со што ја оттрга од дистракцијата.

Во истражувањето се земени само деснораки спортисти, па затоа нема информации дали ова важи и за левораките.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија