Наслов

Спортски градници за здрави дојки

Основен проблем на сите жени во спортските уживања е избор на соодветени градници. Квалитетен и соодветно избран градник е најдобрата превентива од несаканите болни состојби, спуштени гради и зголемените шанси за сериозни заболувања.

Сите спортски активности, а пред се трчањето, ги оптеретуваат женските гради со разните движења силно помогнати од гравитацијата. 50% од жените чуствуваат болки и нетпријатности додека спортуваат.

Зошто!                                                                                                                                      

Обликот на дојките се должи на жлездените и масни лобули потпомогнати со мрежа на Куперовите лигаменти. Дојките немаат мускулно ткивo, значи немаат никаква мускулна подршка. Силата на гравитацијата со време неповратно ги истегнува Куперовите лигаменти со што се губи обликот на дојките и настануваат така наречените спуштени или виснати гради.

Спортските брусхалтери намалуваат 78% од несаканите движења на дојката додека се спортува.

Добра превентива од несаканите последици лежи во високиот критериум во изборот на моделот, големина и материјалите од кои се изработени.

Компресивните спортски модели ги затегаат градите до градниот кош со својата еластичност, а пак потпорните модели со својата структура само ги контролираат одвишните движења. 

Несоодветни градници по својата големина и материјал од кои се направени прават неприродна подршка со помош на метални или пластични жици (фижбани) кои се причина за прекин на нормалната лимфна дренажа. Во нормалните метаболни активности на дојката се ствараат низа на токсични соединенија кои преку лимфниот садовен систем треба да се елиминират. Сите прекини на оваа нормална циркулација на дојката се причина за болните состојби и се зголемени шанси за канцер.

СОВЕТИ ЗА И ОКОЛУ ИЗБОРОТ НА СООДВЕТЕН СПОРТСКИ ГРАДНИК

  • Секогаш пробајте го градникот пред да го купите, за да се уверите во удобноста.  
  • Рамените траки да бидат доволни широки и удобни
  • Шевовите да бидат добро изработени и избалансирани за да не прават оштетувања на кожата
  • Избегнувајте градници со метални и други подршки (фишбани)
  • Избегнувајте градници изработени од памучни материјали, бидејќи кога ќе се испотат ја впиваат потта и остануваат долго време мокри.
  • Барајте материјали кои овозможуваат перспирација (Adidas Coolmax, Nike Dri-Fit)
  • Секој спортски градник има и свој рок на траење, вообичаено од 70-80 перења под услов да се почитуваат препораките на произведувачот.
  • Во секој случај вежбите за градните, рамените и грбните мускули се добродојдена логистика за гради со убав и здрав изглед.
  • Следете ги инструкциите на ова видео за да ви помогнат при изборот на соодветната големина на спортскиот градник кој ќе обезбеди соодветна циркулација.                            
03 Јануари 2013

За авторот