Наслов

Физичката активност VS. депресијата - интервју со Проф. Викторија Вујовиќ

Зачестената појава на депресија особено кај младите беше поттик да направиме интервју со Проф. Викторија Вујовиќ еминентен стручњак во областа на психијатријата и психотерапијата кај нас.  

Проф – Викторија Вујовиќ

Проф. Вујовиќ со својата долгогодишна плодна работа и искуство преку многуте проекти, патувања и научни трудови со задоволство исцрпно одговари на нашите прашања. Сакајќи да ја доближи оваа проблематика до сите оние кој се засегнати на еден или друг начин. 

Како накратко би ја опишале состојбата на депресија кај човекот. И што всушност претставува?

Депресијата е болест која кај секој пациент се манифестира на индивидуален начин, а секако постојат заеднички особености на поедини облици на депресијата. Мрачната болест на нашето време присутна во сите култури, во некој почесто, универзално е човечко искуство, чувство на несреќа, мрачен тунел, чувство дека нешто во животот оди погрешно, дека не може веќе вака, мисла дека нешто мора да се менува. И не случајно, Вилијам Стирон рекол депресијата е навистина слаб збор за така тешка болест.

Дали депресијата има тенденција да прерасне во епидемија или веќе бројките го надминале потребниот минимум за оваа класификација?

Депресијата е душевно растројство со голема зачестеност, често се повторува, кај повеќе од 50% од особите со прва депресивна епизода депресијата ќе се повтори. Води кон значаен губиток на работната способност, спаѓајќи во групата на водечките чинители за губиток на работната способност. Пратена е со висока смртност, значајно го скратува животот поради високиот степен на самоубиства и големата зачестеност на телесни заболувања. Од 1910 година, од кога се следи депресијата како заболување е во постојан пораст. Според проценките на светската здраствена организација до 2020 година, ќе стане втор јавен здравствен проблем, а кај жените ќе биде здравствен проблем број еден.

Што покажува статистиката во Македонија кога сме кај оваа тема?

Македонија како и останатите земји се справува со големиот скандал на современата медицина. Ненавремено препознавање на депресијата, често пати препознаена но не лекувана навремено и ако се започне лекувањето на време често пати може да биде недоволно успешно.

 

Кој се најизразените симптомите на оваа состојба или болест?

Према MKB-10 за дијагноза на депресивната епизода потребно е присуство на два од три основни синдроми и два од седум дополнителни синдроми во траење од две недели. Депресивната симптоматологија подразбира снижено депресивно расположение присутно во поголемиот тек од денот, без значително влијание на надворешните животни влијанија. Губиток на интерес и задоволство во вообичаените животни активности кои го нудат задоволството, смалување или губиток на животната енергија, губиток на самодовербата, самопочитта, промена на психомоторната активност, пореметување на спиењето од несоница до бегство во сон, промена на апетитот од снижен до покачен... Во 1621 година Роберт Буртон ја опишал:
Ако постои пекол на земјата ќе го најдете во срцето на меланхоличниот човек.

Кој се факторите што влијаат на оваа состојба. И кој се начините на превенција и лечење?

Некои луѓе се повеќе склони кон депресијата затоа што емотивните регулаторни механизми водат кон пречувствителност на губиток и неуспех, така да раното програмирање на афективните функции важно е за подоцнежното настанување на депресијата. Депресијата има влијание на физичкото здравје, врзана е со секундарни компликации.

Како спортот и физичката активност придонесуваа во лечењето или превенцијата на депресијата?

Еден од можните начини во справувањето со депресијата е физичката активност која поттикнува растеретување од напнатоста, подобрување на расположението, екстернализација на непријатните доживувања, мотивација, можност за самоконтрола и контрола на однесувањето, давајќи добри и трајни резултати.

Подобрување на лошото расположение, регулирање на сонот и зголемена отпорност кон стресот. Stres-diathezis модел на депресија, познат уште како и теорија на појачана вулнерабилност или смалена отпорност на стрес. Спортот води кон редукција на истата, зголемување на резилиеноста и потенцијалите за индивидуален раст и развој.

Поттикнување на сератонинската активност без лекови со телесна активност, квалитетен одмор и спиење, квалитетна и умерена исхрана, внесување на Б витамини, калциум и магнезиум, а притоа избегнување на стимуланси.

 Дали постојат депресивни состојби во полето на професионалниот спорт. И дали има некаква дистинкција помеѓу групните и индивидуални спортови односно, каде повеќе се јавува?

Депресивноста како синдром може да се јави во сколоп на перфекционистичката потреба на спортистот да победува. Позастапена е во индивидуалните спортови со оглед на структурата на личноста која се вклучува во истите. Особено е ризично професионалното спортување во кое нема адекватен модел на едукација, психолошка подготовка како спортистот да се справува со победата и поразот.

Колективните спортови даваат можност за групно споделување на пријатните и непријатните доживувања, чуството дека не си сам. Особено е важна адекватната поддршка на тренерите, семејството, општеството кое потикнува вклучување во спортот но воедно и следење на спортистите во сите нивни успони и падови. Спортист кој бил на врвот вообичаено се чувствува отфлен во период на порази. Тогаш му е најпотребна психолошка поддршка како би се превенирала актуелизација на депсресивна симптоматологија.

Што ли се случува во душата на големиот Федерер кога паѓа после 5-6 години на врвот на седмата позиција. Како ли им е на современите гладијатори кога победуваат, кога губат, кога тагуваат, кога се радуваат???

Кој се вашите сознанија, искуства или препораки за лекување односно превенција со помош на програмирана физичка активност рекреација или спорт?

Вклучувањето на популацијата, особено младите во рекреативниот спорт води кон превенирање и намалување на ризикот од појава на растројства во расположението. Спортот го превенира ризичното однесување поттикнувајќи здрави механизми на одбрана за справување со современите ризици на живеењето: осаменоста, ривалстовото, чувството на припадност, победата, поразот, животот во секоја негова димензија...

Колку родителите или семејството играат улога кога се во прашање младите спортистите и појавата на овие состојби кај нив, и кое е вашето лично искуство како родител на спортист?

Честопати родителите ги вклучуваат децата во спортот не следејќи ги нивните автентични потреби и задоволувајќи ги сопствените. Родителот дава поддршка, но многупати во својата добронамерност, правејќи ги големите грешки во кои без адекватна професионална поддршка на тим кој ќе се грижи за душевното и телесното здравје на спортистот и ќе му се овозможи да не минува сам во неговите стравувања, победи, порази, стресни ситуации, губитоци, разделби, средби, одлуки...

дел од домашната спортска фото архива

Животот го минав како рекреативен спортист. Ме привлекуваа екстремните спортови во кои наоѓав растеретување од секојдневието. Како родител повторно бев вклучена во "белиот спорт" кои само навидум е бел, го споделував немирот после секој изгубен поен, сочустував со возбудата, победата, поразот на современите гладиатори, негодував кога родителите имаа нереални очекувања од своите деца, но секако ја споделував среќата дека моето дете е во спортските води учејќи во животот како спортски да се справува со сите предизвици.

И кога спортот ќе биде дел од спомените, ќе останат медалите и пехарите кои одбележале едно време да порачуваат да се остане дел од рекреативниот спорт и да се пренесе желбата за физичка активност и вклучување во спортот на идните генерации.

29 Август 2013

За авторот