Спортисти, поспијте си!

Недостатокот на сон откочува исти ензимски процеси како спортските повреди на мозокот…

Просечен средновековен човек поминува околу 5-7 часа во спиење ноќе. Сепак оваа бројка е помала отколку онаа што физиолошки му е потребна на телото и мозокот за да добие оптимален одмор. Научниците велат барем 8 часа, а на спортистите им се потребни и повеќе. 

Истражување спроведено во Шведска, на Универзитетот во Упсала покажало дека кај физички активните луѓе кои спијат помалку од потребното време се зголемени нивоата на два ензими НСЕ (неурон специфична енолаза и  S-100B (калциум врзувачки протеин во астроцитите). Овие ензими се истите оние чии нивоа се покачуваат при претрпени физички повреди на мозокот.

Ова значи дека недостатокот на сон полека, но сигурно си го зема својот данок, а остроумното процесирање на информациите што ги прима еден атлет се од огромно значење на постигнување на добар резултат. Од друга страна доволна количина на сон е неопходна како за физичко така и за ментално опоравување после напорен тренинг или натпревар.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија