Наслов

Спорт против телесните реакции од зимската промена на часовникот

Манфред Казел, специјалист по медицина на сонот вели дека промената на сметањето на времето има исти ефект врз човекот како што имаат и промените на часовните зони при интерконтиненталните летови. Ефектот е стрес.

Промената на времето влијае на премногу осетливиот биолошки часовник. Се менува хормонскиот статус а со тоа се случуваат низа реакции како одговор кои негативно делуваат на севкупниот ментален и телесен склоп.

Нервозните состојби, мигренозни напади, депресивни моменти и метеопатските реакции се најчестите случувања. Нарушената концетрација со чувство на изгубена енергија и безволност само ја потврдуваат телесната состојба.

Прашањето, како да ги избегнеме овие непријатности и многу други за кои не сме ни свесни лежат во неколку препраки....

- редовното вежбање е најдобриот лек за полесно прилагодување. Се ослободува хормонот на среќата - серотонинот кој ги потиснува евентуалните нелагодности. Се препорачуваат спортски активности пред сè на дневна светлина

- избегнувајте тешки вечерни оброци барем 3 часа пред спиење.

- бегајте од алкохолот во вечерни часови

- избегнувајте кофеински и други стимулирачки напитоци најмалку 4-5 часа пред спиење.

- попладневните дремки можат да се добра провокација за несоница

- легнувајте си еден час порано за добар и квалитетен утрешен ден.

Поделените мислења во врска со исправноста на примената на зимското и летното сметање на времето е стара колку и идејата на Бенџамин Франклин од 1784. Неговиот предлог бил со образложение за ефективното користење на дневната светлина, но здравствените состојби при промена на часовникот се аргумент.

П.С. Русија од 26.10.2014 трајно прејде на зимско сметање на времето.....

28 Октомври 2014

За авторот

Најнови членови

На Facebook