Совети од човекот што трча 50 години секој ден

Џон Сутерленд е човекот кој е единствениот активен сопственик на најдолгата тркачка низа, 50 години без ниту еден ден пауза од трчање. Еве неколку интересни информации за оваа тркачка легенда и неколку корисни совети токму од него.

На 26 мај оваа година Џон Сутерленд стана сопственик на најдолгата тркачка низа, односно тој почнувајќи од 1969 (кога како ученик трчал по 2-3 милји), па до ден денес секој ден трча барем по една милја. Тоа е генералното правило доколку некогаш се обидете да ја подобрите оваа тркачка серија или да си поставите себеси некоја слична цел.

За волја на вистина Џон во просек трча далеку повеќе. Неговиот дневен просек во тие педесет години изнесува 10 милји или 16 километри, а за целото тоа време имал 1128 недели во кои истрчал 100 милји неделно. Оваа тркачка легенда сака да ви даде неколку совети од неговото тркачко искуство кое брои повеќе од 198,000 истрчани милји.

  • Едноставно излезете надвор- облечете соодветни патики, трчајте и бидете фит. Бенефитите се огромни.
  • Најдете клуб, тренер или другари- многу е поедноставно да ги остварите своите цели кога имате некој со слични цели како вашите. Ќе бидете поконстанти а тоа е клучот на сè.
  • Поставете си цели- одберете трка или дистанца која сакате да ја истрчате и направете го тоа, само небото е граница ако се обидете.
  • Внимавајте на себе- јадете добро, внимавајте на одморот, останете хидрирани, пазете што внесувате. Трчајте различни видови на тренинзи.
  • Уживајте со луѓето кои ги запознавате- мојот омилен дел. Како тркач ќе го запознаете најневеројатните луѓе.

Ако помисливте дека Џон само трча и дека не е човек со посебни резултати, тогаш се лажете. Џон е сопственик на извонредни времиња како на пример 13:51 на 5км или 28:51 на 10км.

На Џон му се потребни уште две години активно трчање за да го престигне рекордот на легендарниот Рон Хил кој е рекордер на ваква низа со 52 години и 39 денови.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија