Наслов

„Смартфон врат″ синдром

Смартфонскиот вратен синдром не официјално прифатен медицински израз, но кај да е ќе биде...

Збирот на повеќе проблеми предизвикани од принудената постура на вратниот рбет при користење на мали електронски апарати (таблети, смартфони) кога се држат во рака е основата на овој синдром.

Фиксацијата на очите, главата и вратот со горниот дел на градите кон смартфонот кој е во мобилна состојба т.е. во рацете, е основната акција која ги објаснува сите последователни проблеми. Вакви повторувачки и пролонгирани флексии доведуваат до абнормална позиција на вратот и грбот.

Мускулниот стрес со последователниот спазам (грчење) на вратната мускулатура доведува до болки во вратот, омалаксаност и главоболка, а потоа болки во рамениот појас, па дури и отрпнатост на рацете.

Правени се низа на истражувања и заклучено е дека најчести проблеми се појавуваат кога се пишуваат пораки на смартфонот во однос на пребарувањата и гледањето на видео матерјали, а сигнификантна флексија во вратот имаме во седечка положба без подршка од маса.

ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ

  • зголемете го аголот на гледање кон вашиот телефон
  • искористете ја секоја можност за да го фиксирате апаратот на маса или друга подлога, фиксацијата на вашите раце при акција со вашиот апарат е секогаш добредојдена
  • користењето на секаква дополнителна подлога као перница и друго исто така ќе ви ја редуцира флексијата
  • свесно поправете го држењето на вашата глава према телефонот
  • ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ТРЕНИНГ ПРОГРАМИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ВАШАТА ТЕЛЕСНА ПОСТУРА.

СЕКОЈА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ СОВРШЕНО Е КОМПАТИБИЛНА СО МУСКУЛНО-МЕНТАЛНИОТ СТРЕС ПРЕДИЗВИКАН ОД ОВОЈ СÈ ПОЧЕСТ СИНДРОМ.

06 Јануари 2015

За авторот