Слушајте го вашето дишење

Животот започнува со вдишување, а завршува со издишување. Нема добро здравје со лошо дишење, нема бистар ум со малку кислород, нема добар тренинг и спортски успех со лоша техника на дишење, затоа започнете да го слушате вашето дишење.

Дишењето е најважен животен процес во човековиот организам, а кислородот е основен животен суплемент. Ако знаеме дека без кислород можеме да живееме само 2-3 мин ќе ни биде јасно колку е битно како кислородот ќе го консумираме. Дишењето не можеме да го земеме здраво за готово и затоа треба да знаеме колку е битно дали го правиме тоа како би имале доволна оксигенација на нашето тело. Елиминацијата на токсините е последователна важна реакција.

Др. Ото Варбург (Otto Warburg) во своите трудови за кои два пати е добитник на нобеловата награда ги докажува проблемите од недоволниот внес на кислород т.е. недоволната елиминација на токсините. „Ако на клетките им скратиме 35% од кислородот кои треба нормално да го имаат за основните функции, за 48 часа тие имаат иреверзибилни оштетувања кои многу често се канцерогени.“

Правилен начин на дишење обезбедува ефикасна активност на целото тело . Со рационалните и добро синхронизирани респирации се избегнуваат несаканите проблеми како несвестици, мускулна слабост и главоболки особено во физичките активности кога нормално има и поголема потрошувачка на кислород.

Нормален здравствен капацитет се постигнува со правилно и длабоко дишење, со вдишување преку носот, а издишување низ уста. Основната функција на носот е всушност загревање и навлажнување на воздухот, а понекогаш и задржување на поголеми прашинки. Разликуваме три вида на дишење.

  • Стомачно (абдоминално ) дишење е најефикасниот модел. При вдишување белите дробови се шират со спуштање на дијафрагмата, а при издишување мускулот се подига. Дијафрагмалните екскурзии ги придвижуваат сите стомачни органи со што се подобрува нивната работа, се троши најмалку енергија, а ефикасноста е најголема.
  • Градното дишење со помош на градните и меѓуребарните мускули е со помала респираторна ефикасност.
  • Дишењето со горниот дел на градниот кош кој е придвижуван со подигање на клучните коски е површно и најмалку ефикасно.

Стомачното дишење, како тип со кои се раѓаме е најефикасниот начин на дишење кои дозволува максимални перформанси во физичка активност. Основно е пред секој напор силно да се вдише, а споро и максимално да се издише за да се обезбеди сигурна оксигенација со силна елиминација на јаглеродниот диоксид како краен продукт. Длабочината на дишењето треба да кореспондира со напорот.

Длабоко, добро синхронизирано, рамномерно и смирено дишење е основна препорака за уреден телесен и психолошки оптимум.

Длабоките и ефикасни техники на дишење се дел од добро подготвен тренинг во зависност од спецификите. Во анаеробните типови на вежби битен е добар внес на кислород за да мастите се претвараат во корисна енергија т.е. да имаме очекувано топење на масти.

Во фитнес салите основен важечки принцип е длабоко издишување во напор.

Во тркачките спортови нема златно правило, но препорачана ритмика е 2:2 или два чекори со вдишување, а потоа два чекори со издишување. Секако ритмиката и динамиката е специфична за поедини спортски активности. Дискусијата за дишењето преку нос со издишување преку уста за сега со аргументи победува.

Во високо интензивните и контактни спортови се препорачува длабоко вдишување со затегање на телото во моментот на дејството.

Во секој случај сите принципи се исти, а сето друго се нијанси. Затоа, слушајте го вашето дишење и научете правилно да дишете.