Што значи одење пет минути на час

Збориме за нормално одење пеш, па така 5мин/час нема некаде далеку да ве однесат, ама ако со тие пет го прекинете проклетото седење на стол, е тогаш ќе стигнете далеку. 

Поминувањето на долги периоди во седечка позиција е хорор за нашето тело. Еден час непрекинато седење на стол го намалува протокот на крв од нозете кон срцето за 50 проценти поради тоа што мускулите во долните ектремитети не се контрахираат за ефективно враќање на крвта кон горните партии од телото.

Со оглед на честите работни позиции на кои се наоѓа поголемиот дел од популацијата, канцеларија, биро и „удобна“ столица, штетата од ова секојдневие е немерлива. 

Ново истражување превено на база на кратки прекинувања на седењето (еден од препораките на здравствените експерти за луѓето кои долго време седат на работното место) дојде до заклучок дека пет минути одење во еден час седење може да направи многу полезности за нашето тело, односно има можност да ги неутрализира голем дел од штетата која ја предизвикува седењето.

Во истражувањето било заклучено дека пет минутното размрдување во еден час седење целосно го спречува падот во артериската функција односно во протокот на крвта што инаку настанува, т.е. ги намалува штетните ефекти од седењето. 

Ако го читате ова, многу веројатно е дека треба да го затворите интернетот и малку да прошетате. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија