Истрчајте ја зимската слава

Наслов

Што треба да знаете пред да заредат зимските слави?

Треба да се запознаете со моќта на секојдневното спортување. И покрај тоа што редовно се товиш и секојдневно тераш позитивен калоричен биланс (повеќе јадеш отколку што трошиш) организмот нема да претрпи никакви деградирачки промени ако редовно си активен. Истрчај ја куќната славата, виното, мезето и сè по ред и ќе бидеш здрав ко дрен.

Позитивниот калоричен биланс (energy surplus) е техничкиот термин за оние прилики каде луѓето консумираат повеќе калории отколку што трошат. Кога ќе видиш, и една куќна слава ја дели истата дефиниција со ова погоре, па затоа одиме натаму. 

Прејадувањето и неактивноста можат како посебни ентитети можат да допринесат до ваква ситуација, а кога се во комбинација, негативните ефекти се надополнуваат и допринесуваат на низа на лоши последици по организмот, вклучувајќи ги и метаболните проблеми како отпорноста кон инсулин, првата стапка кон дијабетесот.

За точно да се одреди каков ефект има спортувањето токму на ваквата ситуација во организмот, научниците од Универзитетот Батх од Англија направија истражување каде потполно здрави машки индивидуи беа држени на ваков позитивен калоричен биланс. Едната група била целосно неактивна во текот на денот а јадела повеќе од што треба, а другата, покрај неактивноста и позитивниот калоричен биланс во остатокот од денот имала вклучени 45 минути трчање на трака. 

После недела дена на режимот, момците се враќаат во лабараторија на дополнителни испитувања и резултатите се исклучително интересни. Оние кои биле многу малку активни и внесувале повеќе калории отколку што трошеле имале намалување во контролата на шеќерот во крвта, а масните клетки од биопсираните ткива (истражувани со софистицирани генетски техники) покажале преголемо експресирање на гени кои доведуваат до негативни метаболни промени. 

Но другата група, која покрај позитивниот енергетски биланс и неактивноста во текот на денот, имала вметнато 45 минутно спортување немала вакви деградирачки резултати по здравјето. Контролата на шеќерите останала во нормалните граници, а масните клетки не покажале несакани алтерации. 

  • „Вежбањето комплетно ги анулира промените предизвикани од прејадување и намалена активност“ - вели професорот Томпсон кој е автор на студијата.  

Наравоучението за престојната сезона на слави, веруваме дека ви е добро познато.

30 Ноември 2013

За авторот