Наслов

Што сè може да се прави на ова чудо

Даска, не за сурфање туку за веслање. Во принцип поголема, габаритна даска. Е тоа е педлборд. А пошто зафаќа квадратура еве што може да се прави врз него во вода.

Основната работа за која служи педлбордот е SUP или на долго stand up peddleboarding е веслање, и тоа е стандардот. Станат си, и го користиш веслото да си шеткаш низ вода, да пренесеш нешто или да фотографираш. Впрочем, првично е измислен од хавајски сурф инструктор кој требало да ги слика неговите туристи додека тие сурфале.

Најлесниот начин за како да се совлада основата е на мирни води. Се користи големо весло со кое се буткате и шетате по вода. Да видиме за што друго може да послужи.

SUP Сурфање

Може малку поголема, но даската во принцип е иста. Така да, може да се „удрат" брановите, само што потребни се поголеми искуства.


SUP Јога

Не е нешто тешко да се балансира на педлборд ама за јога на него се бара позатегната core мускулатура. Тука, педлбордот претставува јога престилката која ви овозможува да лебдите на водата додека сте на час по јога, или едноставно сами уживате во асаните. Велат, спојот со дишењето е подруг, подлабок, и чувството е сосема друго.


SUP Фитнес

Едноставното веслање може да биде одличен фитнес рецепт поготово за јадрената мускулатура на абдоменот и грбот. Ама може да си правите и вежби.


SUP Тркање

Може и да се зголеми компетитивноста па да се пробате со некој на трка.


SUP Риболовење

Топ за промена на брегот или кајчето како локација за пецање.


Кулирање

 

06 Август 2013

За авторот