Наслов

Сексање како одличен тренинг

Ако стварно сакате да го потенцирате сексот како трошач на вашите вишок калории тоа ќе ви биде одличен избор. Сите сме прочитале за тоа како се трошат не знам колку калории при секс, ама трошењето зависи од многу фактори па доколку сакате поинтензивен тренинг ја читате правата ствар. Овде не збориме за оние досадни мисионерски или пензионерски пози. Овде збориме за добар сексуален тренинг што ќе ве препоти.

Ни под разно нема да ве советуваме целосно да се откажете од секаквата друга физичка активност и да се префрлите само на секс како главен трошач на калории. Сепак и другите физички активности делуваат супер по вашето здравје, но ако сакате да бидете лавови и лавици на белите чаршафи и притоа да потрошите поголеми калориски вредности баталете ги досегашните пози и внесете малку жустра Кама Сутра.

Твистер

Ако досега немате играно твистер сега е вистинското време да пробате. За оптимално трошење калории девојката треба да е одоздола (како на сликата) и со рацете да го има гушнато партнерот. Дечкото е потпрен на рацете и колената

 

 

 

 

Три за позор, четири..

Девојката лежи на стол, а нозете и се во вис, а дечкото е во некоја позиција како на сликата. Одлично за затегање на женскиот стомак.

 

 

 

.

 

 

Само за мажишта

Ова знае да биде многу сензуално. Девојката е качена на машкото торзо и нејзините нозе се обвиткани околу него.

 

 

 

 

 

 

 

Неподносливата леснотија на постоењето

Нешто слично како уметничко лизгање . Девојката е поставена паралелно со подот, а дечкото ја држи за половината и така слободно лебдат.

 

 

 

 

 

 

 

Како количката од бавчата

Дечкото ја држи девојката за нејзините нозе додека таа е потпрена со рацете на подот. Слично како возење на количка за разни ствари.

 

 

 

 

 

 

Вечерата е послужена

Мажот треба да биде исклучително силен (навежбан). Тој ја држи девојката за половината додека нејзиното тело е во воздухот. Нозете и се завиткани околу неговиот врат (малку ризично поради можноста од синкопа и несвестица во целата таа предаденост, затоа внимавајте).

 

 

 

 

 

 

Диха диха

Нешто слично како „на ушка" само што мажот е оној кој јава, нормално. Тука треба да се покаже издржливоста на вашата девојка.

 

 

 

 

 

 

 

Иако ги имавме вредностите на калории кои се трошат при изведување на овие секусални пози, ние се решивме да не ги ставиме поради фактот што сите работи на светот се релативни. Калориите ќе зависат од времетраењето вреднувано по стариот школски систем (доволен, добар, многу добар, одличен), вашата предаденост, издржливост, страственост и љубов. Но, бидете сигурни дека било која од позиве ќе потроши многу повеќе од вашите калории отколку традиционалните досадни пози.

14 Декември 2012

За авторот