Прва Македонска аеробик конвенција

Полна сала, весели луѓе, различни видови на аеробик и многу забава… Вака изгледаше дел од првата аеробик конвенција организирана од Федерација за рекреативен спорт – Скопје.

Првиот ден предавањата се одвиваа во фитнес клуб Магнус, додека вториот ден на Факултетот за физичка култура.

Предавања држеше и една од најдобрите инструкторки во Србија и Европа Сања Коцич. Сања Коцич е дипломиран професор на факултетот за физичка култура во Белград и сопственик на Sportska Akademija Kocovic.

На Факултетот за физичка култура во Скопје вежбањето започна во 11 часот, а траеше до 16 часот. На постерот е прикажана целата програма и имињата на презентерите.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија