Наслов

Прилеп вежбаше на Energy Day

За прв пат во Прилеп беше одржан настан од ваков тип, на кој без пардон може да се каже дека имаше одлична заинтересираност од страна на граѓаните на Прилеп кои ја дадоа нивната поддршка на целосното случување на Камената бина во центарот на градот.

Организацијата од страна на Фитнес студио Енерџи се покажа успешна, а тие го оковаа овој настан и исполнија со демонстрација на пилатес, активно вежбање со публиката на аеробик, демонстрација на функционален тренинг, активно вежбање со публиката на Тае Бо, зумба и како специјални гости се појавија Аеробик Кети Фит од Скопје со кои успешно се затвори овој премиерен настан. Организаторите најавуваат уште вакви настани со кои ќе ја подигнат свеста за здрав начин на живот, а тоа е физичката активност.

Камера: Ganata Photography

19 Јуни 2014

За авторот