Наслов

Превенирајте повреда на вкрстените лигаменти на коленото

Сигурно во своето опкружување познавате некој што некогаш имал повреда на вкрстените лигаменти на коленото. Незгодна повреда која се почесто е случај. Специјална тренинг програма може да превенира повреди на лигаментите на коленото, а особено кај женската популација која е и најранлива.

Според статистиката во САД,  250 000 Американци секоја година се оперираат токму од оваа повреда. Големиот замав ги натера научниците да се зафатат со подетално изучување на механизмите на оваа (ACL) повреда на коленото, гледајќи стотици видео снимки каде се анализира биомеханиката на повредата за време на тренинг или натпревар.

Важноста од превенција на ваков тип на повреди е поради нужноста за оперативен зафат и долготрајноста на рехабилитациониот процеси за да се овозножи повторно враќање во тренажен процес и натпревар.  

Најмногу од повредите се јавуваат при нагло сопирање или приземјување после скок при целосна екстензија во зглобот на коленото. Торзионите сили кои се јавувата како реакција на претходните движења се доволно силни да ги надвладеат активните и пасивните стабилизатори на коленото и со тоа да предизвикаат кинење на предните вкрстени лигаменти.

70% од ACL (Anterior cruciate ligament) се јавуваат без контакт на противник. Во накуката многу долго се мислеше дека токму широките колкови или хормоните се причина за поголемиот број повреди од ваков тип кај женската популација. Но главна причина за ова е силовиот дисбаланс на ногата и техниката на приземјување при скоковите. Доколку биомеханиката е со приземјување на предниот дел од стапалото и со блага флексија во коленото тогаш шансите за повреда се минимизираат.

Задната ложа игра главна улога во активната стабилизацијата на коленскот зглоб, нејзиното зацврстување е круцијално. Жените со слаба задна ложа, го користат квадрицепсот за стабилизација при движења што придонесува при негова затегнатост да ја повлече тибијата нанапред, а предниот вкрстен лигамент да остане едиствен кој ја прави "контратежата". 

Една шведска студија ја укажува потребата за програмиран превентивен процес како можност да се намали бројот и ризикот кај оние спортистки кои имаат потенцијал за безконтактна повреда на ACL. Експериментот се изведувал на 2 групи составени од фудбалски тимови. Во првата група учествувале 49 фудбалски тимови кои биле подложени под специјална програма за превенција во времетраење од 9 месеци, а втората група од 48 тимови немале никаков третман. На истекот од експериментот првата група завршила со 3 повредени девојки, а додекакај втората 13 што укажува на евидентна разлика.

Во продолжение следат серија вежби кои служат токму за зајакнување на мускулатурата која превенира ваков тип на повреди. 

06 Јули 2013

За авторот