Позадината на тенисерскиот крик

Измерено е дека Шарапова испушта крик од 101 децибели при поентирање или при ударот со рекетот по тениското топче. „Звучникот” си има своја позадина.

И Федерер се бунеше за гласните урлања и крикови на Џоковиќ, а легендарната Моника Селеш доживеа страотен медиумски притисок за нејзиниот стил кои беше компониран со вакви навики.

Кому како ама на многумина противници тоа им задава многу маки, често одлучувачки и за крајниот резултат.

Група на научници од Универзитетот Британска Колумбија во Канада – Онтарио ги истражуваше ефектите на испуштениот крик при тенискиот удар врз способностите на перцепцијата на противникот.

Сите играчи што добиле звучен „атак” од својот противник многу лошо и поспоро го предвидувале правецот на движењето на тениското топче т.е. имале лоша преценка со многу грешки, помала концентрација и станувале понервозни во тек на целиот натпревар.

Заклучоците одат во прилог на стратегијата на тенисерите – урлаџии и не е ништо чудна реакцијата на другите. Важно е да се победи па дури и со умисла од ваков тип.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија