Наслов

Победи го заморот пред тој да те победи тебе

Ако некогаш сте се бавеле со спорт тогаш со сигурност сте го почуствувале синдромот на одложена мускулна болка или замор. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат таквиот замор да го намалите или пак комплетно да го прескокнете.

Еуфоријата по успешно завршениот тренинг и квалитетниот оброк по него не секогаш се доволни за разултати на долг период. Одложениот замор (тоа е оној замор кој ве стига по ден-два) е нешто кое долку не го контролирате или не знаете да го третирате, може во голема мера да го намали вашиот полн потенцијал или пак во најмала рака да ја уништи желбата за тренинг.

Ова што следи се совети за тоа како на дневно ниво да се борите со заморот и како мали промени во секојдневието и пост-тренажниот процес ќе ве направат подобар и подолготраен спортист.

Употреба на ролери за масажа
Веројатно не е прв пат да пишуваме за чудото наречено пенест ролер за масажа (foam roller) но ефектите кои можете да ги добиете со овој практичен и економичен предмет се неверојатни. Ролањето или масажата со ваков ролер ќе ја намали тензијата на сврзните и меките ткива околу мускулите, ќе превенира згрутчување на мускулите, ќе ја разбие воспаленоста и ќе направи простор за зголемен проток на крв во мускулот што пак значи и побрз опоравок.

Исхрана богата со анти-оксиданси
Исхраната богата со анти-оксиданси значи дека вашето тело на многу поефикасен начин ќе се справува со слободните радикали кои се производ на оксидативниот стрес на вашето тело за време на тренингот. Токму слободните радикали се причината за појава на замор и воспаление. Оттаму редовната употреба на храна богата со анти-оскиданси, во прв ред цреши и сите видови на бобинки, значи и успешна "борба" со овој нус продукт на активниот животен стил.

Топло-Ладно туширање
Уште еден од начините за справувањесо воспаленија и замор кои се добро познати на спортските фанатици ширум светот а кој вреди да се спомене. Наизменичното менување на топол и ладен млаз или во најдобри усплови базени, помага во создавањето на таканаречена пумпа која помага во зголемена циркулација во телото и на тој начин истиснување на течностите и спречување, односно ширење, на воспалителните пост-тренажни процеси.

Започнете со топол туш или бања во кој ќе поминете две минути, по што ќе следи ладен туш или бања во времетрање од една минута. Постапката повторете ја шест пати.

Активен одмор
Неправењето апсолутно ништо по одработениот тренинг или завршениот натпревар е најлошото можно сценарио кое можете да го изберете. Деновите поминати во излежување нема да го забрзаат опоравувањето, напротив. Одберете активен одбор кој подрзабира тренинг со значително намален обем или пак едноставно пешачење или лесно возење велосипед.

24 Октомври 2018

За авторот