Наслов

Откриено зошто вежбањето ни го бистри умот?

И самите сте осетиле како вежбањето им годи на вашето тело и ум, ве прави смирени, фокусирани, задоволно уморни. Во науката се прават чекори преку кои се дознава точно која е молекулата задолжена за полезностите на нашето ментално здравје од редовните физички активности.

Иако до сега, со сигурност  се знаеше дека вежбањето позитивно влијае врз менталнотот здравје, никој точно не ги знaеше механизмите на овие делувања. Во последно време вниманието е насочено кој молекулата наречена FNDC5 односно ирисин кој се смета за причината. 

Оваа молекула игра важна улога во физиолошкото развивање на мозокот со тоа што активира други фактори (BNDF) на раст во ткивото кои играат важна улога за спречување на некои невролошки болести како и влијае во диференцијацијата и пластицитетот на мозочните клетки. Сега веќе е докажано дека (вештачки внесениот) ирисинот ги активира гените поврзани со меморијата и способноста за учење. 

Од друга страна, резултатите покажаа (барем на заморчиња) дека тренингот за издржливост ги подига вредностите на ирисинот во крвта, доволно за молекулата да ја помине крвно-мозочната бариера и да ги активира факторите кои се задолжени за експресија на гените задолжени за конгниција. 

16 Октомври 2013

За авторот