Нови гледишта за активниот опоравок

Не е дека се уште не важи, но повеќе од 40 години старата R.I.C.E (rest-одмор, ice – мраз, compresion-компресија, elevation-елевација) кованица се редефинира од самиот доктор по спортска медицина кој во 1978 година ја има создадено.

Често користениот и надалеку познат R.I.C.E. принцип на постапување со свежи мускулно-скелетни повреди и опоравување од болни мускули после натпреварување или напорен тренинг е формиран до спортскиот доктор Гејб Миркин во 1978 година, а уште и долги години пред тоа секој доктор, физиотерапевт па и било кој човек надвор од оваа струка знаел барем еден дел од оваа кованица како лек за нешто што е болно и отекува.

Денеска, после долги години и бројни истражувања и резултати тој самиот го модификува овој систем на прва постапка при повреди и опоравување и нагласува дека овој принцип може да доведе до временско одложување и продолжување на рекуперацијата, нешто што е многу важно за професионалните спортисти кои често се во тесни распореди на настапи, натпреварувања и тренинзи.

Новите истражување покажуваат дека користењето на ладно – криотерапија (вториот сегмент од RICE) во склоп на рекуперацијата не прави никаква штета врз ткивата (доколку не е претерано), но таа го одложува процесот на воспалителна реакција за половина до еден ден (според резултатите). За обичниот рекреативец ова е скоро и небитна работа, но за професионалецот може да претставува важна разлика во перформансите.

На телото му е потребен воспалителниот процес, па така не треба да правиме било што за да го спречите ова бидејќи сложените механизми на имуниот систем сами се борат и успеваат да искочат на крај со болните мускули и зглобови.

Дополнително, првиот сегмент од принциот (rest – одмор) исто така се редефинира во активен одмор каде што атлетата па и рекреативецот треба што почесто да ги движат засегнатите зони со лесни вежби, одење, лесно возење велосипед, малку пливање и масажи што ќе допринесе за зголемување на циркулацијата во таа зона.

Во однос на поголемите и опсежни мускулно-скелетни повреди (повреда на зглоб, лигамент или мускул) RICE се` уште си стои како одличен непријател на интезивната болка, а за намалување на отокот студенилото не смее да биде аплицирано повеќе од 20 минути во зоната.

За лошото влијание на аналгетиците врз опоравокот ќе си прочитате тука, а дополнителни информации за важноста на рекуперацијата можете да извлечете тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија