Повеќе скокови за сигурен "лет"

Наслов

Неколку трикови за супер изглед на жешките летни плажи

Летото веќе е на врата, а Вие сте удобно сместени пред омилената ТВ серија, грицкајќи го омилениот чипс, засладувајќи се со омиленото чоколадо и со мноогу вкусни и омилени штетници на нашето стомаче. Како што се продолжува денот со повеќе сончева светлина, почнува полнењето на батеријата. Колку повеќе потрошиме, толку побрзо ќе се наполниме со енергија. Ајде бргу да го симнеме вишокот од стомачето.

Верувале или не, за совршен стомак, не се доволни само познатите стомачни. Ајде да пробаме нешто поинакво, а многу ефикасно.

Првиот дел се состои од одскокнувања со широко испружени раце и нозе. Колку повисоко скокате, толку подобро.
Почнете со една серија од 8, па секоја недела додавајте уште една и уште една, па да стигнеме до 4 серии по 8 или 1 минута скокање.

И веднаш долу на земја, и ајде склековиии.
Прво неколку за почеток, па да стигнеме полека до 3 серии од по 8. Може?

За крај, за добра дефиниција на стомачето, стариот добар пилатес. Позиција "корито" и стој! Испружете ги рацете и нозете, и стој, броиме до 8, па секоја недела со серија плус.

Резултат:  рамен стомак за само неколку недели!

Гаранција со потпис и печат! :)

 

Пробајте, летото брзо пристига...

05 Март 2013

За авторот