Јога Совети

Неколку jога совети за успешен прв час

Се спремате за вашиот прв јога час? Погледнете ги следните практични совети кои ќе ви ги олеснат секирациите и спремат за него.

1. Храна: Немојте да јадете ништо тешко барем 3 часа пред часот. Јогата најдобро се практикува на празен желудник. Затоа најдобро е да немате ништо консумирано најмалку 3 саати пред почетокот на часот, во спротивно, може да осетите благо враќање на храната при некој од инверзиите.

2. Облека: Понесете си добра удобна облека, јога простирка (доколку имате, во спротивност ги имаме ние на располагање, најчесто), пешкирче и шишенце со вода. Вежбаме боси!

3. Време: Ве молиме бидете на време! Доколку пристигнете подоцна, или морате да си одите порано, направете го тоа на најдискретен можен начин, како за да не ги вознемириле останатите.

4. Учител: Претставете се на вашиот јога учител. Кажете му/и доколку имате некој проблеми/повреди и слично. Останете после часот да поразговарате со вашиот учител за се што ве мачи! Очекувајте дека за време на вежбањето вашиот учител ќе ве прилагоди во асаните, со цел правилно да ги направите. Доколку ви смета допирот на учителот/ката, или нејзината/иот прилагодба тогаш слободно кажете и/му во било кое време.

5. Очекувања: Ослободете се од вашите очекувања! Јогата не поседува натпреварувачки дух. Не го гледајте тој/таа што е до вас и не се споредувајте со истиот за да се чувствувате полошо или подобро во врска со себе си! Вашата вредност не произлегува од успехот или неуспехот на тој до вас. Затоа, посветете го својот фокус навнатре и ослободете се од тензијата што постои во вашето тело.

4. Дишењето е сè: Обрни внимание на тоа колку е плиток вашиот здив на почетокот на часот и ако истиот е подлабок и порелаксиран на крајот од часот. Кога ќе почувствувате како вашиот ум талка, поново вратете го вашето внимание на вдишувањето и издишувањето. Тоа е најдобар начин да се смирите и да се нурнете назад во вашата пракса.

5. Одмор: Дете асаната е секогаш опција: Секој пат кога ќе осетите преголем замор, земете одмор во нежната позиција на дете. Оваа асана служи да ви пружи одмор секој пат кога ќе останете без здив за време на часот. Кога повторно ќе го вратите вашето дишење во нормала, придружете се на часот.

6. Намасте: Немојте да се изненадите кога вашиот инструктор ќе се поклони, со рацете споени испреде срцето, и ќе каже “Namaste.” Ќе забележите како останатите ќе го изговорат овој санскрит збор назад кон учителот. Овој санскрит збор значи „Ти се поклонувам” и обично се вели на крајот од часот, да одбележи благодарност до студентите за нивното присуство и учество.