Нејзиното величество ФАСЦИЈА!

Фасцијата претставува меко сврзно ткиво кое е распространето под кожата, таа е медиум преку кој се поврзуваат сите под системи на телото: коските, мускулите, нервите, крвните садови итн.

Најлесно можеме да ја опишеме како мрежа или матрикс на кој се прикачени сите органи. Особено важно за спортистите и рекреативците е да го знаат значењето на фасцијата и нејзината улога во движењето. Заедно со мускулатурата, фасцијата создава систем наречен Миофасција (myofascia).

Големите физички напрегања што спортистите ги прават секојдневно во долг временски период доведуваат до скусување на мускулатурата и фасцијата. Резултатот на тоа е намалена брзина, сила и зголемен замор кој доведува до затегнување во одредени делови на телото што влијаат на телесното држење и баланс.

Фасцијата игра голема улога во одржувањето на формата и позиционирањето на секој мускул во телото, таа ги поврзува мускулните и ја одржува нивната синергија. Доколку не сме активни, не користиме доволно стречинг вежби или пак имаме некаква повреда која не ограничува, а сето тоа трае долго тогаш фасцијата ќе ги прилепи мускулите и ќе ја намали нивната подвижност.

Оваа состојба е наречена Адхезија, како резултат на тоа ќе се јави болка, намалена флексибилност и намален опсег на движење. Таквите состојби може да се подобрат доколку се користи терапевтската техника на миофасцијално ослободување (Myofascial Release MFR).

Оваа техника ќе ги релаксира и истегне мускулите, ќе ја подобри циркулацијата а со тоа ќе го намали инфламаторниот процес. Миофасцијално ослободување ќе превенира од повреди и ќе ја забрза обновата на општетените мускули.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија