Не си спор, топло е!

Различните временски услови различно влијаат на тркачкото темпо на трчање.

Висок воздушен притисок, влага, малгла, ветер, температури под нула, високи температури… сите овие временски услови различно влијаат на трчањето односно на тоа како ќе се чуствувате за време на трчањето и колку брзо ќе се движите за време на тренингот или трката.

Условите за време на летниот период кога температурите се преку 30 степени убедливо најмногу влијаат врз тркачкиот тренинг. Во вакви услови на нашето тело му е потребна поголема количина на кислород бидејќи добар дел од крвотокот е пренасочен од мускулите кон кожата се со цел побрзо ладење на телото. Сето ова резултира со зголемување на потребната енергија, зголемена продукција на лактати и значително зголемен ритам на срцето споредбено со тренинг во поладно време.

Исто така високите температури прават заморот да го чуствуваме многу порано и повеќе од вообичаено пред се заради зголеменото губење на течности од телото. Сè на сè тркачкиот тренинг во лето значи дека е потполно нормално да бидете поспори од вообичаено и тоа е нешто што не би требало да ве изненади.

Која е оптималната температура за трчање?

Најголем дел од студиите кои се работени на тема оптимални услови за вежбање се спроведени во контролирани лабараториски услови со велосипедисти кои работат до момент на исцрпеност. Ваквите студии немаат голема применлива вредност бидејќи ги изолираат надворешните ефекти. Сепак во последните неколку години работени се многу истражувања кои пред сè ги анализирале надворешните температури на воздухот и нивното влијание врз финишерските времиња на маратонските трки.

Заклучокот од овие истражувања е дека оптимална температура за трчање трки (што значи и за тренинг генерално) е помеѓу 7-15 степени целзиусови. Секоја температура која е повисока од оваа горна граница почнува негативно да влијаа врз брзината на тркачите и на нивното време на финиш.
Пример, најголем дел од рекордите на бостонскиот маратон и во машка и во женска конкуренција биле постигнати на температура под 14 степени. Сите светски рекорди, најдобрите 10 времиња во маратон исто така биле постигнати на температури меѓу 10-15 степени.

Најголем дел од овие истражувања се правени на времиња поставени од елитни тркачи, но има и такви кои анализираат времиња на аматери а кои дошле до заклучок односно до проекција колку во просек топлото време одзема од брзината.

Колку сме поспори на топло време?

Кога температурата ќе почне да се качува над оптималната горна граница од 15 степени, колку температурата ќе ни одземе од брзината зависи од тоа колку сме брзи или спори, како и од тоа дали станува збор за машки или женски тркачи.

-тркачите кои во просек имале темпо од 05:45минути по милја или побрзо, биле поспори за една секунда по милја за секој степен над горната граница од 15 степени целзиусови.
-тркачите пак кои трчале со темпо 07:25 па се до 10:00 по милја, губеле во просек по 4 секунди на милја за секој степен над 15те оптимални степени.

Што се однесува до полот се чини дека женските тркачи полесно се справуваат со температурните разлики но сепак оптимално повеќе им одговаар пониските граници на оптималните 7-15 степени.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија